Back Здравствените работници и затворските служби на Северна Македонија обучени за обезбедување заштита на менталното здравје

@ Council of Europe

@ Council of Europe

Осум лекари и здравствени работници, заедно со десет затворски службеници кои работат во шест пенитенцијарни институции во Северна Македонија го унапредија своето знаење за обезбедување заштита на менталното здравје во затворите. Дводневната сесија се одржа на 16-17 ноември 2022 год. во Скопје, како прва обука од ваков вид за службите кои работат во затворите. Видувањата на оваа обука ги споделија и службениците на Националниот превентивен механизам, како и на Надворешниот механизам за контрола, кои работат во рамките на Народниот правобранител и на оваа обука учествуваа како надворешни претставници.

Меѓународните стандарди и најдобри практики, факторите на заштита и ризик во затвори, разните видови пореметувања, како и можните третмани беа дискутирани со учесниците, опфаќајќи го здравствениот и безбедносниот аспект на работата. Кон дискусијата придонесоа и видувањата на претставниците на Народниот правобранител, заедно со практичните дилеми со кои се соочуваат професионалците во работењето со лишените од слобода.

Затворите во Северна Македонија имаат сериозен недостаток на здравствени работници и специјалисти по ментално здравје, со што се зголемува потребата за обучување на постојните вработени. Проектот ги поддржува институциите преку зајакнување на капацитетите на лекарскиот кадар, како и спроведување на Стандардната оперативна процедура за ефективна здравствена заштита во затвори, со цел да се адресираат критичните предизвици идентификувани во извештаите на Комитетот за спречување на тортура.

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”

 

Северна Македонија 17 ноември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page