Back Претставници од Националниот Координативен Центар во Северна Македонија обучени за IBM I2 Analyst Notebook Software во рамки на Проектот против економски криминал

Претставници од Националниот Координативен Центар во Северна Македонија обучени за IBM I2 Analyst Notebook Software во рамки на Проектот против економски криминал

Петнаесет претставници од различни институции, воглавно членови на Националниот Координативен Центар формиран во рамки на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, земаа учество во пет дневната обука за IBM Analyst Notebook Software 9.0 која се одржа во Скопје од 28 октомври до 01 ноември 2019 година.

Обуката беше комбинација на презентации, дискусии и групна работа со практични вежби подготвени од страна на консултантот од Совет на Европа, и истите им овозможија на учесниците да научат да користат различни алатки кои се дел од софтверот. Знаењето и вештините со кои што се стекнаа ќе им бидат од голема корист на учесниците кога ќе работат на анализи.

Обуката беше организирана од страна на проектот против економски криминал во Република Северна Македонија кој е во рамките на втората фаза од Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција – Phase 2 (HFII-AEC-MKD).

headline Скопје 28 октомври 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page