Back Хоризонтална програма: проектот против економски криминал во Северна Македонија го поддржа годишниот регионален состанок на Управите за финансиско разузнавање

Хоризонтална програма: проектот против економски криминал во Северна Македонија го поддржа годишниот регионален состанок на Управите за финансиско разузнавање

Директори на Управите за финансиско разузнавање (УФР) и претставници од 10 држави од Западен Балкан, вклучувајќи ги и Грција и Бугарија учествуваа на четиринаесеттиот годишен состанок на Директори на Управи кој се одржа на 3-4 Октомври 2019 година во Охрид, Северна Македонија. Учесниците дискутираа за моменталниот статус на борбата против перење пари и финансирање тероризам во регионот со посебен фокус на регулација на виртуелните средства.

Проектот против економски криминал во Република Северна Македонија кој е во рамки на Хоризонталната програма на Европската унија и Советот на Европа, придонесе кон состанокот преку конкретни интервенции на темата за виртуелни средства и применливи меѓународни стандарди, кои беа презентирани од страна на консултант од Советот на Европа и претставник од секретаријатот на MONEYVAL.

За време на состанокот Управите разговараа за моменталните ризици од перење пари и финансирање тероризам во регионот, како и за моменталните трендови и предизвици поврзани со меѓународната соработка. Претставници од Одделот за економски криминал и соработка одговорни за имплементација на три национални проекти (Албанија, Црна Гора и Северна Македонија) и регионалниот Проекти против економски криминал, за време на состанокот ја презентираа регионалната компонента на Хоризонталната програма која се стреми кон борба против економскиот криминал во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција.

*Оваа ознака е без предрасуди кон позициите за статусот и е во согласност со UNHCR 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.

Охрид 3 - 4 октомври 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page