Back Психолози и педагози од средните училишта во Северна Македонија ги подобруваат своите вештини за интервјуирање на потенцијални деца-жртви на трговијата со деца

Психолози и педагози од средните училишта во Северна Македонија ги подобруваат своите вештини за интервјуирање на потенцијални деца-жртви на трговијата со деца

Проектот “Превенција и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија” во соработка со Бирото за развој на образованието организираше хибридна обука за водење интервју со потенцијални деца-жртви на трговијата со деца од средношколците. Главна цел е да се потенцира значењето на доброобучените образовни кадри во идентификација на потенцијалните деца-жртви на трговијата со деца и помошта која е клучна за тие да се спасат од маѓепсаниот круг на трговците со луѓе. Обуката ја следеа 25 психолози и педагози од средните училишта од Скопје, Тетово, Виница, Куманово и Св. Николе.

“Во 2021, 6 домашни деца-жртви на трговијата со деца беа идентификувани во Северна Македонија. Најчесто тие се тргувани за присилен брак или сексуална експлоатација. Стратегијата која цели кон спречување и сузбивање на родово-базираното насилство содржи и дел за ресоцијализација на жртвите, која е применлива и на жртвите на трговијата со луѓе.”- рече Светлана Цветковска, Претседавач на Под-групата за превенција и борба против трговијата со деца на Националната Комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција и Координатор на Националниот механизам за упатување.

Корисно е да се продолжи со добрата пракса за едуцирање на средношколците за ризиците и опасностите од трговијата со луѓе преку прикажување на едукативни филмчиња и поттикнување дискусија за трговијата со деца, со цел нејзина ефективна превенција” – потврди проф. Верица Трајкова, една од обучувачките на обуката.

Учесниците осознаа за показателите наменети за образовните кадри и за методите на интервјуирање за дете-жртва на трговијата со луѓе од средношколците преку практични вежби, анализа на модел видеото за интервјуирање на деца-жртви и продлабочена дискусија со вешти обучувачи и професори по психологија проф. д-р Верица Трајкова и проф. д-р Софија Арнаудова. Двете обучувачки се активисти од невладиниот сектор со големо искуство во пружање на психолошка помош на децата-жртви на трговијата со луѓе. Исто така, учесниците го споделија своето искуство со помош на жртвите помеѓу средношколците од нивните образовни институции.

Хибридната обука беше организирана од страна на рамката за соработка на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II„ , чији што дел е проектот „Превенција и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија„ , којшто има за цел да им помогне на корисниците од Западен Балкан и Турција да се сообразат со стандардите на Совет на Европа и легислативата на Европската Унија во рамките на процесот на проширување.

Хибридна обука за водење на интервју со потенцијални деца - жртви на трговијата со луѓе од средношколците беше организирана во Скопје со психолози и педагози од Скопје, Тетово, Виница, Куманово и Св. Николе.

Со обуката ќе се помогне да се идентификуваат потенцијални деца жртви за да се спасат од маѓепсаниот круг на експлоатација.

Скопје 20 април 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page