Back ГРЕТА ги повикува државите да ги вклучат жртвите и преживеаните од трговијата со луѓе во креирањето и имплементацијата на политики и мерки за спречување, заштита и социјална инклузија

ГРЕТА ги повикува државите да ги вклучат жртвите и преживеаните од трговијата со луѓе во креирањето и имплементацијата на политики и мерки за спречување, заштита и социјална инклузија

На Светскиот ден за борба против трговија со луѓе, Групата на експерти од Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе (ГРЕТА) ѝ се приклучи на Меѓу-агенциската координативна група за борба против трговијата со луѓе и ги повика чинителите да ги вклучат перспективите на жртвите и преживеаните во сите активности кои се дел од борбата против трговијата со луѓе (https://trello.com/1/cards/6103ac66ed161416779e56ae/attachments/6103ac66ed161416779e56b3/download/WDAT_statement__final.pdf).

Конвенцијата на Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе во центарот на активностите како дел од борбата против трговијата со луѓе ја става заштитата на правата на жртвите. Давањето предност на човековите права на жртвите на трговијата со луѓе во борбата против трговијата со луѓе е клучна за сите аспекти на работа на ГРЕТА.

„ГРЕТА истакнува дека обезбедувањето навремена и ефикасна помош на жртвите на трговијата со луѓе е неопходно за нивно оддалечување од трговците и закрепнување и социјална инклузија“, наведе Хелга Гајер, Претседателка на ГРЕТА. „Жртвите на трговијата со луѓе треба да добијат можност, доколку сакаат, да учествуваат во кривичните постапки против трговците и да добијат паричен надоместoк. Мерките за подобрување на поддршката вклучуваат консултации со жртвите и преживеаните од трговијата со луѓе со цел да се осигура дека нивните потреби се соодветно задоволени.“

 

Извештајот на ГРЕТА од мониторингот на имплементацијата на Конвенцијата дава примери на проекти кои ги водат преживеаните жртви, а кои опфаќаат детекција и идентификација на жртви, сеопфатни и индивидуални интервентни услуги, специјализирано домување и обуки за работа. Граѓанските здруженија често пати играат важна улога во таа насока, давајќи им глас на лицата жртви на трговијата со луѓе и можност да помогнат при детектирањето и заштитата на други лица. Процесот на мониторинг на ГРЕТА има за цел да ги интегрира перспективите на жртвите преку размена со граѓанските здруженија и консултации со жртвите и преживеаните од трговијата со луѓе за време на посетите во државите.

ГРЕТА потсетува дека согласно Конвенцијата, државите членки имаат обврска да ги идентификуваат жртвите на трговија со луѓе и да усвојат мерки за помош во процесот на нивното физичко, психолошко и социјално закрепнување, земајќи ги предвид потребите за нивна безбедност и заштита. Ефикасноста на ваквите одредби може да биде зголемена со вклучување на жртвите во процесот на развој на политиките и при нивната имплементација. Конвенцијата во неколку од нејзините одредби ја истакнува важноста на соработката со граѓанското општество, посебно во смисла на мерки за помош и поддршка на жртвите во текот на кривичните постапки, со нивна согласност.

ГРЕТА исто така истакнува дека процесот на закрепнување и успешна социјална инклузија по преживеано искуство со трговија со луѓе може да биде долг и комплексен. Немаштијата ги турка жртвите назад во рацете на трговците. Поради тоа, жртвите на трговија имаат потреба од пристап до соодветно и оджрливо сместување и континуирано обезбедување специјалистичка поддршка и грижа. Државите мора да преземат чекори за унапредување на економската и социјалната инклузија на жртвите и преживеаните од трговијата со луѓе и да овозможат разумни и одржливи стандарди за живеење со што ќе се спречат идни случаи на трговија со луѓе.

 

Судската пракса на Европскиот суд за човекови права ја прикажува храброста и посветеноста на жртвите на трговијата со луѓе во одбраната на нивните права (Основни информации: Трговија со луѓе / Ропство, подреденост и присилна работа).

30 јули 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page