Back Членови на Акциската група кои работат во рамки на локална ромска заедница едуцирани по однос на родово-сензитивниот пристап во превенцијата и борбата против трговијата со луѓе и трговијата со деца

Членови на Акциската група кои работат во рамки на локална ромска заедница едуцирани по однос на родово-сензитивниот пристап во превенцијата и борбата против трговијата со луѓе и трговијата со деца

Основните човекови права на жртвите на трговија со луѓе се нарушуваат без никакво грижа на совеста. Спречување и раното откривање на потенцијалните жртви на трговијата со луѓе се клучни во борбата против трговијата со луѓе“- објасни Билјана Јовановска, од НВО Отворена Порта – Ла Страда, кој раководи со Центарот за жртви на трговија со луѓе и родово-засновано насилство. „Родовата нееднаквост непосредно придонесува кон тоа жените да станат жртви на трговија со луѓе, пред се поради нивната зависност од машката фигура во семејството, невозможноста да заработуваат за живот и обврската да се грижат за семејството“ – истакнува Маја Атанасова, од НВО „Македонско здружение за млади правници“. И двете претставнички од НВО спроведоа вебинар со ангажирачка содржина на тема родовата перспектива и родово-сензитивен пристап кон обезбедување заштита на жртвите на трговија со луѓе.

 

Вебинарот беше организиран од проектот “Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија”, во рамки на заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и за Турција” и програмата ROMACTED фаза 2 – „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.

 

Учесници на овој вебинар беа членовите на Акциската група на заедницата и фасилитатори во рамки на програмата ROMACTED кои работат во 15 општини во Северна Македонија.

Учесниците посочија дека заедницата на Ромите се соочува со овој сериозен проблем, каде сиромаштијата се јавува како една од главните причини поради која луѓето паѓаат во замката на трговијата со луѓе.

 

Учесниците се здобија со поголемо знаење по однос на концептот на трговија со луѓе и значајноста на родовата перспектива во контекст на трговијата со луѓе, како и по однос на обезбедувањето на услуги врз основа на родовите потреби на жртвите. Тие исто така дискутираа за различните видови експлоатација кои во поголема мера ги погодуваат жените од мажите, како и за профилите на жртвите и трговците со луѓе од родова перспектива. Учесниците побараа да има повеќе активности и проекти кои работат против трговијата со луѓе со цел да се зголеми свесноста кај ромското население за опасностите кои ги носи трговијата со луѓе.

Скопје 14 октомври 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page