Back

Делегација на Северна Македонија се запозна со обезбедувањето здравствена заштита во шпанскиот затворски систем

Мадрид, Шпанија 31 мај - 2 јуни 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Делегација на Северна Македонија се запозна со обезбедувањето здравствена заштита во шпанскиот затворски систем

Делегација од Северна Македонија составена од затворски лекари, високи претставници на Министерството за здравство, директорот и претставници на Управата за извршување на санкции (УИС) престојуваа во Мадрид, на студиска посета од 31 мај до 2 јуни 2022 год. Меѓу придобивките од оваа посета се и размената на искуства, добри практики и научени лекции за обезбедувањето здравствена заштита во затворите.

 

Во текот на посетата, делегацијата имаше корисни состаноци со претставниците на шпанскиот Генерален секретаријат на пенитенцијарните институции. Беа посетени и два затвори во близина на Мадрид, при што се овозможи подобро разбирање на трансферот на здравствената заштита врз службите на заедницата, тековните програми за ментално здравје, телемедицина, модулите за почит и меѓу-институционална координација. Претставниците на шпанската затворска управа го споделија знаењето и предизвиците поврзани со трансферот на здравствената заштита врз затворите, кон Министерството за здравство.

 

Се очекува оваа студиска посета да придонесе кон зајакнување на соработката меѓу Министерството за правда, како и за здравство на Северна Македонија, при што ќе се искористи шпанското искуство. Стекнатото искуство може да им помогне на институциите во подобро планирање на тековните ресурси, подобрување на обуките, како и зголемување на изгледите за вработување на кадар во иднина.

 

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”