Back Повик за доставување понуди: за консултантски услуги на тема слобода на изразување и слобода на медиумите во Западен Балкан

Повик за доставување понуди: за консултантски услуги на тема слобода на изразување и слобода на медиумите во Западен Балкан

Во рамки на заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility III)“, Советот на Европа имплементира седум проекти (во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и регионален проект) на тема „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите“ (ПРО-ФРЕКС).

Проектите имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на клучните домашни институции и актери (вклучително и релевантни владини структури/министерства, независни власти во полето на медиумите, пристапот до информации и заштитата на податоци, судските и правни професионалци/ки, јавниот медиумски сервис и други медиумски куќи, и НВО-и во делот на новинарството и медиумите) во делот на имплементацијата на европските стандарди за слободата на изразување и за слободата на медиумите.

Консултантските услуги (правни и политички совети, и креирање и спроведување обуки) кои се предвидени со овој повик за доставување понуди ги вклучуваат следните области: слобода на изразување, пристап до информации, заштита и безбедност на новинар(к)ите, закони за медиуми, регулација, ко-регулација и само-регулација, и заштита на личните податоци.

Активностите кои се предвидени во рамките на проектот, на темите наведени погоре, вклучуваат техничка асистенција и советување во делот на ревидирањето легислативи и политики, градењето институционални капацитети и развојот на човечки капацитет, како и активности за подигање на свеста.

Услугите од избраните консултант(к)и може да се користат за било кој релевантен проект што го имплементира Советот на Европа, не само горе споменатите ПРО-ФРЕКС проекти во рамките на Horizontal Facility III.

Временскиот период за имплементација на услугите е: 2 јануари 2024 – 31 декември 2026 година (со можност за продолжување до 31 декември 2028 година).

Сите информации и документи за постапката се достапни на следниот линк.

Краен рок за аплицирање е 11 декември 2023 година.

 Повик за доставување понуди

  Договор

 

 

 

* Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.

 

 

Западен Балкан 10 ноември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page