Back Повик за грантови: Поддршка за локални самоуправи и граѓански организации за борба против говор на омраза

Повик за грантови: Поддршка за локални самоуправи и граѓански организации за борба против говор на омраза

Во рамките на заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“ и проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“, Советот на Европа објавува повик за грантови „Поддршка за локални самоуправи и/или граѓански организации за борба против говор на омраза“.

Повикот има за цел да ги поддржи избраните грантисти во развивање конкретни активности за борба против говор на омраза, како и одговори на постоечкиот говор на омраза. Предност ќе им биде дадена на предлози кои покажуваат силна соработка и партнерство помеѓу граѓански организации и локални самоуправи.

Рокот за поднесување апликации е 9 март 2021 (17:00 часот).

Апликациите треба да се поднесат на англиски јазик на електронската адреса: [email protected].

Во прилог потребните документи за аплицирање:

Call for proposals

Application form

Grant agreement template (само за информација)

Guidelines for using grant agreement

Budget template

 

Посетете ја страницата на проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“.

Северна Македонија 9 февруари 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page