Back Активности за борба против говор на омраза и поддршка за реформите во областа на анти-дискриминација во фокусот на Четвртиот состанок на Управниот одбор

Активности за борба против говор на омраза и поддршка за реформите во областа на анти-дискриминација во фокусот на Четвртиот состанок на Управниот одбор

Корисниците и партнерите присуствуваа на Четвртиот состанок на Управниот одбор на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија“. Состанокот беше одлична можност за корисниците и партнерите да дискутираат за активностите и резултатите од досегашните активности во рамки на проектот, како и идните иницијативи кои се планирани за следниот период.

Членовите на Управниот одбор, вклучувајќи претставници од институциите, партнерите од Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и претставници од граѓанскиот сектор, ги споделија своите размислувања и идеи во насока на подобрување на координацијата и ја покренаа темата за нови можности за соработка. Членовите зборуваа и за тоа дека е важен фокусот на опсегот, односно дека е важно резултатите од активностите да бидат споделени со што е можно повеќе луѓе, имајќи ја предвид релевантноста на организираните активности кои можат да бидат корисни, важни и интересни за граѓаните. За време на состанокот, членовите ја имаа можноста да дискутираат за резултатите од Националната ЛГБТИ линија за советување, поддржана од проектот, со околу 115 повици од 60 луѓе.

Дискусиите помеѓу партнерите и корисниците беа фокусирани и на можностите за зацврстување на соработката и координацијата и на правење заеднички напори кои ќе бидат насочени кон борба против говорот на омраза и поддршка за реформите од областа на анти-дискриминацијата. Ова би вклучувало и активности за кревање на свеста и градење на капацитетите.

За време на Четвртиот состанок на Управниот одбор, проектниот тим ги потенцираше најважните активности кои се во тек, како: поддршката за хармонизацијата на легислативата поврзана со анти-дискриминација, промовирањето на националната кампања против говор на омраза „Блокирај ја омразата. Сподели љубов.“, HELP онлајн курсот за анти-дискриминација со Академијата за судии и јавни обвинители, како и подготовката на прирачник за анти-дискриминација, за чија изработка ќе бидат вклучени повеќе различни корисници и партнери.

Проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“ е дел од „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ година, која е заедничка иницијатива за соработка на Европската Унија и Советот на Европа, спроведена од Совет на Европа, која има за цел да ги поддржи партнерите во Западен Балкан и Турција при процесот на прилагодување на стандардите на Совет на Европа и правната регулатива на Европската Унија во рамките на процесот на проширување, онаму каде што е релевантно.

Скопје 8 октомври 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page