Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје активно се стреми да ги вклучи младите во своите иницијативи и на тој начин да ги одрази нивните потреби и перспективи во својата секојдневна работа. Одговорноста за продолжување на заштитата на човековите права и зачувување на демократското наследство за идните генерации паѓа врз денешната младина. Во овој контекст, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје, беше домаќин на 18 ученици од Американското средно училиште во Скопје, кои беа заинтересирани и љубопитни да дознаат повеќе за правните инструменти на Советот на Европа, особено за Европската конвенција за човекови права и нејзиниот механизам за спроведување – Европскиот суд за човекови права.
"Човековите права ни припаѓаат на сите: тие се универзални стандарди кои ни дозволуваат да живееме достоинствено. Одбраната на човековите права се наоѓа во срцето на мисијата на Советот на Европа."- рече Олег Солдатов, Раководител на Канцеларијата за програми на Советот на Европа во Скопје, поздравувајќи ги студентите. Тој ја претстави мисијата на Советот на Европа за заштита на човековите права и ја насочи својата презентација кон влијанието на пресудите на Европскиот суд за човекови права, особено во однос на он-лајн слободата на говор.
За време на дискусиите, беше истакната важноста на еднаквиот пристап до правда и бесплатната правна помош. Студентите беа информирани и за различни активности и иницијативи спроведени во областа на борбата против дискриминацијата, вклучувајќи обуки за судството и органите на редот, и слушнаа поконкретно за активностите поврзани со младите организирани преку кампањата "Блокирај ја омразата. Сподели ја љубовта".
Важен дел од дискусијата беше важноста на локалната демократија, промовирана од Советот на Европа, преку Конгресот на локални и регионални власти. Младите од Северна Македонија научија повеќе за клучните надлежности што ги спроведува локалната самоуправа за доброто на народот.
Тие исто така беа запознаени со активностите против трговијата со луѓе спроведени во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа "Зајакнување на активностите против трговијата со луѓе во Северна Македонија", насочени кон младите. Проектот поддржува и спроведува иницијативи за јавна свест, со цел да се спречи трговијата со деца. Младите изразија значителен интерес за театарската претстава и радио драмата "Волшебен круг", како и за илустрираните брошури кои ги предупредуваат децата за опасностите од трговијата со деца на достапен начин, прилагоден на нивната возраст и ниво на зрелост.
Проектите "Зајакнување на активностите против трговијата со луѓе во Северна МакедонијаЗајакнување на акцијата против трговијата со луѓе во Северна Македонија”, “Кон консолидиран и поефикасен систем на бесплатна правна помош (FLA) во Северна Македонија” и Борба против омраза и нетолеранција во Северна Македонија" се дел од заедничката иницијатива на Европската унија и Советот на Европа "Хоризонтален објект за Западен Балкан и Турција”.


