Четвртиот состанок на Управниот комитет на акцијата „Protecting Freedom of Expression and of the Media in North Macedonia (PRO-FREX)“ се одржа во Скопје, собирајќи клучни претставници од јавните институции, граѓанското општество и меѓународните партнери, со цел да се направи преглед на постигнатиот напредок и да се утврдат идните приоритети.
Имплементирана во рамките на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ акцијата продолжува да ја поддржува Северна Македонија во усогласувањето на нејзината правна и институционална рамка со европските стандарди за слобода на изразување, слобода на медиумите и пристап до информации. Учесниците на состанокот се осврнаа на тригодишниот напредок, нагласувајќи значајни подобрувања во јакнењето на институционалните капацитети за заштита на новинарите и создавање побезбедна медиумска средина. Дискусиите се фокусираа на тоа како акцијата придонесува новинарите и медиумските професионалци да ја зајакнат слободата на изразување во секојдневната пракса. Беше истакнато дека насочената поддршка за актерите на терен довела до подобро усогласување со европските стандарди и подобрена заштита на новинарите.
Клучните резултати презентирани на состанокот вклучуваат:
• Зајакнати капацитети на судии, јавни обвинители и адвокати за слобода на изразување, говор на омраза и заштита на новинарите, со надминување на планираните цели;
• Унапредено знаење на медиумските професионалци за етичко известување и справување со SLAPP случаи;
• Подобрени институционални одговори во однос на пристап до информации и заштита на лични податоци, вклучително и усогласување со Тромсо Конвенцијата;
• Континуирани напори за зајакнување на медиумската регулација и справување со новите предизвици, како што е вештачката интелигенција во медиумскиот простор.
Во одннос на 2026 година, членовите на Управниот комитет ги разгледаа и одобрија клучните приоритети, вклучувајќи:
• Понатамошно зајакнување на напорите за обезбедување заштита и безбедност на новинарите;
• Промовирање на инклузивни и достапни медиумски услуги;
• Унапредување на целокупната медиумска средина и регулаторните практики;
• Продолжување на поддршката за градење капацитети на клучните чинители и институции.
Состанокот заврши со потврдена заложба од сите засегнати страни за продолжување на заедничката работа во насока на обезбедување отпорна, транспарентна и права-заснована медиумска средина во Северна Македонија, во согласност со стандардите на Советот на Европа и европскиот интегративен пат на земјата.

