Back Зајакнување на судскиот одговор на SLAPP тужбите во Северна Македонија

Зајакнување на судскиот одговор на SLAPP тужбите во Северна Македонија

Со цел зајакнување на капацитетите на правосудните актери за ефикасно справување со новите предизвици поврзани со слободата на изразување, особено во контекст на зголемениот притисок врз новинарите и медиумските професионалци, во Скопје се одржа обука за слобода на изразување и стратешки тужби против јавното учество (SLAPP). Посебен акцент беше ставен на препознавањето и справувањето со SLAPP тужбите, кои претставуваат значителен ризик за отворената јавна дебата и демократското учество. Активноста, поддржана од Европската Унија и Советот на Европа, беше организирана во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и обедини 30 судии и јавни обвинители, со цел унапредување на нивното разбирање и примена на европските стандарди во оваа област.

Учесниците учествуваа на сесии водени од експерти, кои опфатија клучни тематски области, вклучително и начинот на кој SLAPP тужбите можат да ја поткопаат слободата на изразување, како и практични примери за препознавање на индикатори за SLAPP во судската пракса. Обуката, исто така, ја обработи рамнотежата помеѓу слободата на изразување и професионалната одговорност во новинарството, нагласувајќи ја улогата на етичките стандарди и професионалната внимателност.

Дискусиите се осврнаа на опсегот и ограничувањата на слободата на изразување, со посебен фокус на примената на правните принципи преку анализа на судската пракса на Европскиот суд за човекови права. Преку интерактивни дискусии и анализа на случаи, учесниците разгледуваа како европските стандарди можат ефикасно да се применат во домашната судска пракса. Оваа обука претставува прва во серијата активности за градење капацитети планирани за 2026 година, по што ќе следуваат уште три сесии во Штип, Битола и Гостивар.

Оваа иницијатива придонесе кон зајакнување на улогата на судството во заштитата на слободата на изразување и обезбедување поповолна средина за новинарите, во согласност со стандардите на Советот на Европа. Таа беше спроведена во рамките на акцијата „Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Северна Македонија“, во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Скопје, Северна Македонија април, 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“ им овозможува на институциите корисници и на граѓанските организации во Северна Македонија да напредуваат кон исполнување на нивните реформски агенди во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите, во согласност со европските стандарди.

Проектот се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ која трае од 2023 до 2026 година и кој има за цел да придонесе за подобрена средина за остварување на правата на слобода на изразување, особено од страна на новинар(к)ите и медиумските актери, во поплуралистичка и побезбедна медиумска средина, и во согласност со стандардите утврдени во согласност со член 10 на Европската конвенција за човекови права.

 

Кои се целите и задачите на проектот?

  • Да се промовира слободата на изразување и слободата на медиумите и да се подобри примената на европските стандарди на темата;

  • Да се зајакне заштитата на новинар(к)ите и да се придонесе за создавање на овозможувачка, побезбедна и поплуралистичка медиумска средина;

  • Да се зајакнат вештините и знаењата на актерите кои се одговорни да ги применуваат стандардите за слобода на изразување, како дел од нивната секојдневна работа.

Кој има придобивки од проектот?

  • Независните државни органи во делот на регулирањето на медиумите (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) и пристап до информации и заштита на информации (Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и Агенција за заштита на лични податоци);

  • Здруженија на новинари и медиумски актери во Северна Македонија;

  • Професионалци/ки како што се суди(јк)и, обвинител(к)и, полицајци/ки, адвокат(к)и, радиодифузери и новинар(к)и;

  • Луѓето во Северна Македонија.

Како функционира проектот?

  • Обезбедување правни совети за подобрување на усогласувањето на правните и регулаторните рамки со релевантните европски стандарди;

  • преку подготовка на истражувањa и поддршка на политиките во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите;

  • преку подигање на свеста кај носителите на должности и имателите на права во однос на релевантните европски стандарди;

  • преку нудење на можност за градење на капацитети за различни професионални категории, вкотвени во европските стандарди и јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП);

  • преку олеснување на регионалниот дијалог и размена на добри практики, во синергија со регионалниот проект.

Што очекуваме да постигнеме?

  • Ќе се подобри правната рамка и ќе се зајакне судската примена на европските стандарди за слобода на изразување, пристап до информации, заштита на податоците и заштита на новинар(к)ите;

  • Регулаторното тело за медиуми, Агенцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и јавниот радиодифузер да спроведуваат промени во нивните политики и практики во согласност со европските стандарди;

  • Безбедноста на новинар(к)ите да се зајакне во однос на справувањето со заканите и нападите, како резултат на воспоставените домашни правни механизми за заштита на слободата на изразување, во согласност со европските стандарди.

Кој е буџетот на проектот?

  • Вкупниот буџет на проектот е 680.000,00 евра.
  • Буџетот доделен за целокупната програма за Хоризонталниот инструмент изнесува приближно 41 милион евра (85% финансирано од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Како до повеќе информации?

 

За Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција
 

„Хоризонталниот иструмент за Западен Балкан и Турција 2023-2026“ е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа што им овозможува на корисниците на Западен Балкан и Турција да ги исполнат нивните реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.


 

Александра Богдановска      Постара раководителка на проектот                                     +389 2 3100 323                     контакт

Симона Трајкоска             Проектна Асистентка                  +389 2 3100 336                    контакт