Владата на Северна Македонија официјално ја усвои новата Национална стратегија и Акциски план за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (ПП/ФТ), што претставува значајна пресвртница во напорите на земјата во борбата против финансискиот криминал..
Стратегијата беше развиена преку работна група составена од повеќе институции, со експертски насоки обезбедени од заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа против економскиот криминал во Северна Македонија. Овој заеднички напор започна во декември 2024 година, со цел да се обезбеди новата Стратегија да биде прилагодена за да се справи со уникатните ризици и приоритети поврзани со перење пари и финансирање на тероризам во Северна Македонија, во согласност со европските стандарди и препораките на Советот на Европа. Тимот на проектот даде клучни препораки врз основа на европските стандарди и најдобрите меѓународни практики и се вклучи во широки консултации со засегнатите страни од јавноста во текот на целиот процес.
Усвојувањето на Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам и Акцискиот план ќе помогне во подобрувањето на координацијата меѓу владините агенции и ќе обезбеди јасни насоки во процесот на спречување и борба против економскиот криминал.
Новата Стратегија и Акцискиот план ќе ја зајакнат ефикасноста и ќе овозможат донесените мерките да одговорат на предизвиците од економскиот кримнинал.
Оваа иницијатива се спроведува преку „Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија“, во рамките на заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа. “Horizontal Facility for the Western Balkans and Türkiye”.

