Back Вештачката интелигенција и човековите права: Зајакнување на заштитата на личнните податоци во Северна Македонија

Вештачката интелигенција и човековите права: Зајакнување на заштитата на личнните податоци во Северна Македонија

Бидејќи вештачката интелигенција (ВИ) брзо стана составен дел од секојдневниот живот, системите за ВИ сè повеќе се потпираат на огромни количини на лични податоци, покренувајќи важни прашања за приватноста, транспарентноста, отчетноста и заштитата на основните права. Во овој контекст, беше организирана еднодневна обука за ВИ и заштита на лични податоци за вработените во Агенцијата за заштита на лични податоци на Северна Македонија, која ги обедини експерт(к)ите и практичар(к)ите со цел да се разгледаат новите регулаторни и практични предизвици.

Активноста, организирана во рамки на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија  (ПРО-ФРЕКС)“, имаше за цел зајакнување на институционалните капацитети на домашните чинители за справување со предизвиците поврзани со вештачката интелигенција во контекст на дигиталниот и регулаторниот развој.

Активноста беше фокусирана на импликациите од примената на вештачката интелигенција врз заштитата на личните податоци во рамки на европската регулаторна рамка, со посебен акцент на Актот на ЕУ за вештачка интелигенција и на Рамковната конвенција за вештачката интелигенција и човековите права, демократијата и владеењето на правото од 2024 година. Преку сесии водени од експерт(к)и, учесниците/чките дискутираа како домашните органи за заштита на личните податоци можат да обезбедат усогласеност со европските стандарди, истовремено штитејќи ги личните податоци и основните човекови права во контекст на системите базирани на вештачка интелигенција.

Клучните теми на дискусија ги опфатија регулирањето на високоризичните системи на вештачка интелигенција, барањата за транспарентност и отчетност, проценките на влијанието врз заштитата на личните податоци, согласноста, автоматизираното донесување одлуки, како и ризиците од алгоритамска пристрасност. Дискусиите, исто така, ја разгледаа поврзаноста меѓу вештачката интелигенција и Општата регулатива за заштита на личните податоци, при што беше истакната клучната улога на органите за заштита на личните податоци во надзорот и спроведувањето на овие стандарди на домашно ниво.

Обуката ја спроведоа меѓународни консултант(к)и од Холандската агенција за заштита на личните податоци, кои го споделија своето експертско знаење и практично искуство во областа на управувањето со вештачката интелигенција и заштитата на личните податоци. Нивниот придонес им овозможи на учесниците/чките значајни сознанија за предизвиците при имплементацијата и добрите практики, а воедно поттикна и можности за идна соработка меѓу холандските и македонските органи за заштита на личните податоци.

Оваа активност е беше организирана од Советот на Европа во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, дел од заедничката програма на Советот на Европа и ЕУ Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2023-2026.

Скопје, Северна Македонија 20 јануари 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page