Back Практичари од пенитенцијарните системи од регионот, ја посетија Северна Македонија за размена на најдобрите пристапи за реинтеграција на осудените лица насилни екстремисти

Практичари од пенитенцијарните системи од регионот, ја посетија Северна Македонија за размена на најдобрите пристапи за реинтеграција на осудените лица насилни екстремисти

Студиската посета на Северна Македонија, која се одржа на 05-06 јули 2022 година, обезбеди одлични услови за избраниот затворски персонал од Босна и Херцеговина и Косово* за размена на практики и учење од пристапите на Северна Македонија кога станува збор за скрининг, проценка на ризик , управување и пост-казна поддршка на осудените лица насилни екстремисти (ОЛНЕ).

Учесниците заеднички разговараа за обука на персоналот за борба против радикализацијата и насилниот екстремизам, како за проширување и обезбедување на одржлива обука. Тие, исто така, ги споделија нивните искуства за алатките за рехабилитација, мултидисциплинарните пристапи и интервенции. Беше разговарано и за еден од најкомплексните аспекти, имено обезбедување на предуслови за меѓуагенциско ангажирање за време на подготовката за отпуст на ОЛНЕ и обезбедување на нивно активно вклучување и помош за нивна реинтеграција назад во нивните заедници, кои исто така беа тема за дискусија и размена на практики.

Делегацијата ги посети просториите на затворот во Куманово и центарот за обука на затворскиот персонал лоциран во затворот Идризово во близина на Скопје. Тие се сретнаа и со директорот на Управата за извршување санкции на Министерството за правда, со националниот координатор за СНЕ/БТ и со претставници од Министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјална заштита во Скопје.

Активноста се реализираше во рамките на регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети за справување со радикализацијата во затворите во Западен Балкан“, во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022 година, финансиран од Европската Унија и Советот на Европа, и имплементиран од Советот на Европа.

 

* Оваа ознака не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.

Северна Македонија 5 - 6 јули 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page