Back Пилотирање на специфичните програми за третман на ранливи групи осудени лица во казнено-поправниот дом Идризово и во затвор Штип

Пилотирање на специфичните програми за третман на ранливи групи осудени лица во казнено-поправниот дом Идризово и во затвор Штип

Во рамките на проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица” беа развиени три специфични програми (модули) за третман на ранливи категории на осудени лица. Овие бихевиорални програми за осудени лица имаат за цел да се подобри нивната ресоцијализација  и реинтеграција во општеството. Истите таргетираат три категории на осудени лица: лица осудени на долги и доживотна казна затвор, осудени сексуални престапници и осудени жени.

Откако се заврши со изготвувањето на модулите за третман, истите беа спроведени како пилот проект во двете најголеми казнено-поправни установи во државата со главна цел да се тестира применливоста на нацрт модулите во пракса и да се добијат повратни мислења како од фасилитаторите, така и од осудените лица. Пилотирањето на модулот за лица осудени на долги казни и доживотна казна затвор, како и на модулот за осудени жени беше спроведено во казнено-поправниот дом Идризово во периодот помеѓу 1 мај - 15 јуни 2017 г., додека пилотирањето на модулот за осудени сексуални престапници се спроведе во затворот Штип во истиот период. Пилотирањето го спроведе персоналот од секторот за ресоцијализација кој беше вклучен во изготвувањето на модулите и кој беше обучен за нивната примена, под водство на двајца меѓународни консултанти кои посетија неколку од овие сесии во установите.

  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page