За Проектот

Проектот против економскиот криминал во "Поранешната Југословенска Република Македонија" има за цел да го подобри спроведувањето на клучните и неодамнешните препораки на Групата на земји против корупција (ГРЕКО) и Комитетот на експерти за евалуација на мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL) ), и понатамошно зајакнување на институционалните капацитети за спречување и превенирање на корупцијата; перење на пари; и финансирање на тероризмот во согласност со европските стандарди. Акцијата ќе се фокусира на поддршка на властите во неколку насоки, вклучувајќи: поддршка за зајакнување на законодавството и регулаторните рамки; градење институционални капацитети; поддршка за зајакната меѓуагенциска и меѓународна соработка

Проектот е дел од Програмата “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција “ на Советот на Европа и Европската унија

Цел на проектот

Главна цел на проектот е да придонесе кон демократијата и владеење на правото преку превенција и контрола на економскиот криминал во согласност со европските и меѓународните стандарди.

Специфични цели на проектот :

  •  Законодавната рамка и насоките за заштита на укажувачите и пријавувањето од нивна страна е ревидирана и имплементирана
  • Подобрено законодавството и националната стратегија од областа на спречување перење пари и финансирање тероризам
  • Јакнење на капацитетите на Управата за Финансиско Разузнавање (УФР)
  • Јакнење на капацитеите на судството, обвинителството и органите за спроведување на законот во борбата со спречување на перење пари и финансирање тероризам
  • Подобрен СПП/ФТ превентивниот систем
  • Зголемување на капацитетите за меѓународна соработка на органите за спроведување на законот, УФР и супервизорите

Очекувани резултати на проектот :

  • Ревидирана и имплементирана законодавната рамка и насоките за заштита на укажувачите и пријавување како и подобрени капацитети на одговорните органи и НВО за следење на нејзиното спроведување
  • Засилен систем за спречување на перење пари и финансирање тероризам преку подобрување на правната и регулаторната рамка
  • Усвоена стратегија за спречување на перење пари и финансирање тероризам во која се согледани новите меѓународни стандарди
  • Подобрени законските овластувања, аналитичките и техничките капацитети на Управата за Финансиско Разузнавање (УФР)
  • Зајакнат капацитетот на судството, обвинителството и на органите за спроведување на законот за борба против перењето пари и финансирање на тероризам
  • Засилена супервизорската и регулаторна рамка (превентивни мерки) за СПП/ФТ
  • Зголемени СПП/ФТ супервизорските вештини на супервизорите
  • Зголемени превентивните мерки поврзани со краен сопственик и транспарентноста на правните лица
  • Подобрена меѓународната соработка на органите за спроведување на законот, УФР и супервизорите

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

ЗА ПРОЕКТОТ
  • Времетраење: 24 мај 2016 – 23 мај 2019
  • Корисници/Партнери: Одделение за финансиски истраги, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Државен завод за ревизија
  • Финансиран од: Европската Унија и Советот на Европа
  • Буџет: 1,350,000 EУР
КОНТАКТ

 Илина ГАРЕВСКА, Раководител на проектот

 Мустафа ФЕРАТИ, Раководите на одделение, Оддел за борба против криминалот