Back Унапредување на мултикултурализмот, антидискриминацијата и еднаквите можности во училиштата во Северна Македонија

Унапредување на мултикултурализмот, антидискриминацијата и еднаквите можности во училиштата во Северна Македонија

Советот на Европа ја нагласува клучната важност од унапредување на мултикултурализмот, антидискриминацијата и промовирањето на еднакви можности во рамки на училиштата како темел за градење инклузивни, демократски општества. Во поддршка на овие принципи, Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Северна Македонија, во соработка со заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа за антидискриминација, организираше тркалезна маса за дискусија на итните потреби и развојните приоритети во напорите за унапредување на инклузивноста и еднаквоста во образованието.

Во изминатиот период, како дел од оваа активност, Агенцијата спроведе сеопфатно истражување преку прашалник насочен кон училиштата кои реализираат наставни програми на мајчин јазик на различни етнички заедници низ повеќе општини. Истражувањето имаше за цел да ги идентификува постојните состојби, предизвиците и добрите практики, како и да предложи конкретни мерки за понатамошно унапредување на образовниот процес. Посебен акцент беше ставен на зајакнување на меѓуетничката интеграција, антидискриминациските политики и обезбедувањето еднакви можности за секој ученик.

На настанот присуствуваа триесет и пет директори на основни училишта од 26 општини, кои ги претставуваа клучните институции одговорни за спроведување на наставата на јазиците на заедниците, како редовни или изборни предмети. Нивното учество беше препознаено како суштинско, имајќи го предвид нивното директно влијание врз образовниот процес на локално ниво.

Овој настан претставуваше значаен чекор напред во градењето инклузивно општество во кое секое дете има еднаков пристап до квалитетно образование, без оглед на јазикот или етничката припадност. Во текот на дискусиите беше истакнато дека отворениот дијалог, соработката и размената на искуства меѓу различните чинители се клучни за создавање поинклузивен образовен систем, како и за зајакнување на меѓуетничката кохезија и толеранцијата.

Оваа иницијатива беше поддржана од проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Скопје, Северна Македонија 24 април 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Овој проект нуди поддршка во подобрување на ефективноста во борбата против дискриминацијата, говорот на омраза и злосторствата од омраза во Северна Македонија. Борбата против дискриминацијата и говорот на омраза се исто така многу тесно поврзани со ЕУ интеграциите. Овој проект нуди уникатен пристап за справување со овие појави и го поддржува зацврстувањето на капацитетите на клучните корисници и чинители за подобро да ги адресираат проблемите поврзани со антидискриминација, борба против говор на омраза и заштита на правата на ЛГБТИ лицата во линија со стандардите и препораките на Совет на Европа, особено оние на Европската комисија против расизам и нетолеранција (EКРИ), како и да го поддржи усогласувањето на Северна Македонија со европските стандарди во областа на основните човекови права.

Кои се целите на проектот?

Главните цели на проектот се:

  1. Да се поддржат напорите на институциите да развијат хармонизиран институционален пристап за борба против дискриминација и говор на омраза.

  2. Да се зголеми свесноста кај населението во Северна Македонија во поглед на опасностите од говорот на омраза и различните постоечки алатки за спречување и борба против говорот на омраза.

Кој има поволности од проектот?

Јавните институции и клучните чинители во овие области во Северна Македонија ќе имаат поволност и корист од техничката поддршка и иницијативите за кревање на свеста, за тие да можат да придонесат кон подобрување на политиките за недискриминација, како и политики за справување со говорот на омраза и злосторствата од омраза, како и механизмите за надомест и поддршка на страните засегнати од говор на омраза.

Крајни корисници се луѓето кои живеат во Северна Македонија и ранливите групи како ЛГБТИ лицата, помалите етнички групи, чија заштита на човековите права ќе биде подобрена.

Како ќе функционира проектот?

Проектот се надоврзува на спроведените активности и резултати од претходната фаза на програмата „Хоризонтален инструмент“ во линија со последните фокусирани теми во областа на расизмот и нетолеранцијата во Европа пренесени во годишните извештаи на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ECRI).

Проектот обезбедува поддршка за иницијативи за градање капацитети, прилагодување на постоечки алатки и методологии на Совет на Европа, техничка поддршка како дел од процесот на ЕУ интеграција на Северна Македонија, како и кревање на свеста во поглед на борбата против дискриминацијата и промоција на разноликост кај младите и населението.

Овој проект работи со претставници на Владата чиј фокус е борба против дискриминација и говор на омраза; претставници од полицијата, правосудството и правни професионалци, како и претставници од граѓанското општество и младински активисти.

Што очекуваме да постигнеме?

  • Подобрување на ефикасноста на јавните институции во поглед на реформите за борба против дискриминација, омраза и расизам во линија со европските стандарди

  • Зацврстување на капцитетите на телата за еднаквост и институциите во Северна Македонија за борба против дискриминација во линија со стандардите и препораките на ЕКИ и Акциониот план на ЕУ за борба против расизмот.

  • Зголемена и подобрена борба против говор на омраза и злосторства од омраза на централните и локалните институции на Северна Македонија и подобра заштита на жртвите

  • Зголемена свесност кај луѓето во Северна Македонија, особено ранливите групи, во поглед на опасностите кои омразата и расизмот ги предизвикуваат врз општествената кохезија и начините за справување со нив. 

Колкав е буџетот на проектот?

Комплетниот буџет на проектот е 450,000 евра.

Буџетот кој е алоциран на целокупната програма „Хоризонтален инструмент“ изнесува околу 41 милион евра (85% финансирано од Европската Унија, 15% од Советот на Европа)

 

За „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“

„Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа кој овозможува корисниците од Западен Балкан и Турција да ги остварат своите реформски планови во полето на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што исто така е приоритет за процесот на проширување на ЕУ.


 

Преглед на проектот

Времетраење: 48 месеци (јануари 2023 до декември 2026)

Корисници:

► Граѓаните на Северна Македонија

► Јавните институции, особено телата за еднаквост

► Полицијата, јавните обвинители и судскиот сектор
► Граѓанските организации кои работат на промоција и заштита на човековите права

Финансиран од Европската Унија и Советот на Европа

Буџет: 450,000 евра

Контакт на проектот

Марија Андреева              Раководителка на проект        +389 2 3100 322                   контакт