Back ЕУ и Советот на Европа ја поддржуваат дигитализацијата на регистрацијата на подароци за јавните службеници во Северна Македонија

ЕУ и Советот на Европа ја поддржуваат дигитализацијата на регистрацијата на подароци за јавните службеници во Северна Македонија

Во просториите на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, денес беше потпишан актот за прифаќање на Платформата за регистар на подароци помеѓу Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија и Адем Чучуљ, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Платформата е развиена како дел од Проектот на ЕУ/Советот на Европа против економскиот криминал во Северна Македонија и има за цел да ја поддржи Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во дигитализацијата на процесите поврзани со регистрација и пријавување на подароци од страна на јавните службеници и вработените во државните институции. Со воведување на централизиран и безбеден дигитален систем, платформата ја подобрува ефикасноста, точноста и конзистентноста на пријавувањето поврзано со подароци.

Советот на Европа со гордост ги поддржува напорите на Северна Македонија за промовирање на транспарентноста и доброто управување преку формалниот пренос на изворниот код на Каталогот на подароци до Државната комисија за спречување на корупција. Заедно со целна обука за државни службеници, оваа иницијатива дополнително ја зајакнува нашата заедничка посветеност на зајакнување на институционалниот интегритет и борба против корупцијата,” Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

„На 30 јануари 2026 година, Државната комисија за спречување на корупцијата формално го прими изворниот код за Каталогот на подароци од Советот на Европа, со што ни се даде целосна сопственост врз оваа важна дигитална алатка за борба против корупцијата. Заедно со онлајн обуката за назначени државни службеници, одржана во декември 2025 година, овој трансфер значително ја зајакнува транспарентноста, институционалниот интегритет и јавната доверба во нашата работа. Државната комисија за спречување на корупцијата останува посветена на одржливи, дигитални решенија во тековната борба против корупцијата.“ – Адем Чучуљ, Претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Оваа иницијатива се спроведува преку „Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија“, во рамките на заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа. Horizontal Facility for the Western Balkans and Türkiye”.  

Скопје, Северна Македонија 30 јануари 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Кратка содржина

Проектот против економски криминал во Република Северна Македонија (HFII - AEC-MKD) има за цел зајакнување на корупцијата и перење пари и спротивставување на режимите за финансирање на тероризам и на тој начин се обидува да ја зголеми довербата во владеењето на правото и демократијата во Северна Македонија. Проектот ќе ги поддржи надлежните органи за ефективно спроведување на неодамнешните клучни препораки на телата за набудување на Советот на Европа - Комитет на експерти за евалуација на мерки против перење пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL) и Група на држави против корупција (ГРЕКО) и да придонесе кон прилагодување на реформските процеси во земјата.

Главните корисници на проектот се институции / тела вклучени во борбата против и спречување на корупција, перење пари и финансирање на тероризам.

Овој проект е дел од Советот на Европа / Европската унија „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II”.

Oчекувани резултати:

 Подобрена правна и оперативна рамка за спречување и борба против корупцијата;

 Зајакната и поефикасна рамка за враќање на средствата;

 Засилени механизми за спречување на перење пари и спречување на финансирање на тероризам.

ЗА ПРОЕКТОТ:

Времетраење: 36 месеци (мај 2019 – мај 2022)

Корисници/партнери: Северна Македонија

Финнсирање: Европска унија и Совет на Европа

Буџет: 775 000 ЕУР

*Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на ОБСЕ и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

КОНТАКТИ

Илина Гаревска                    Раководителка на проект             + 389 2 3100 328                  контакт

Маја Костова                      Проектна Асистентка                    + 389 2 3100 324                    контакт