Трговијата со луѓе е феномен кој погодува милиони луѓе ширум светот. Според 9-тиот Генерален извештај за активностите на ГРЕТА, кој беше објавен во 2020 година, се забележува тренд на зголемување на бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе во изминатите години. Поточно, зголемувањето на идентификуваните жртви е за 44% помеѓу 2015 и 2018 година.[1] Децата остануваат најранливата група подложена на трговија со луѓе, особено децата од ромската заедница. Во Северна Македонија, мнозинство од идентификуваните жртви се деца, како што е наведено во извештаите на Националната комисија за борба против трговија со луѓе, и тоа 4 од 6 идентификувани жртви во 2019 година и 6 од 7 идентификувани жртви во 2020 година, сите девојчиња.[2]
Со цел да се одговори на проблемот со трговијата со деца, особено ромските деца и девојки, со поддршка на заедничката програма Horizontal Facility II на ЕУ и Советот на Европа, Ромската Асоцијација за Жени и Млади Лулуди спроведува значајна информативна и кампања за подигање на свеста со цел да ја извести јавноста, со посебен акцент на младите луѓе, за тоа како да се откријат и пријават потенцијални случаи на трговија со деца. Кампањата се спроведува преку споделување на промотивни видеа со јавноста кои носат јасна порака: „ИНФОРМИРАЈ СЕ! СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ЖРТВА НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ!”. Видео материјалите беа изработени по завршувањето на 23 едукативни работилници организирани со средношколци од Скопје, Прилеп, Тетово, Куманово и Штип. Учениците ги изработија овие едукативни видеа со цел да го споделат добиеното знаење од работилниците за формите и начините на заштита од трговија со луѓе со своите врсници и пошироката јавност.
Можете да ги погледнете и да ги споделите видеа преку следниве линкови:
Видео 1 Не го врти погледот! Реагирај!
Видео 2 Секој може да стане жртва на принудно питачење и трудова
експлоатација
Видео 3 Tрговијата со луѓе не познава граници
Видео 4 „Лабав“ чат може да направи од тебе жртва на трговија со луѓе
Видео 5 Информирај се! Спречи ја трудовата експлоатација!
Овaa иницијативa се спроведува преку грант обезбеден во рамките на проектот "Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија" кој е дел од програмата на Европската Унија / Советот на Европа "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II" , која има за цел да им помогне на властите во Југоисточна Европа да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и законодавството на Европската унија во рамките на процесот на проширување.
