Адвокатите играат клучна улога во обезбедувањето еднаков пристап до правда и заштита на фундаменталните човекови права, особено при обезбедување бесплатна правна помош за оние на кои им е најпотребна. Со цел да се зајакне оваа мисија, на 5 и 6 декември 2024 година се одржаа две каскадни обуки, фокусирани на унапредување на вештините на над 20 адвокати кои обезбедуваат секундарна правна помош за граѓаните на Северна Македонија. Обуките ги опремија учесниците со практични алатки за ефикасно справување со различни правни предизвици.
Организирани во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, и во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија и Центарот за обука на адвокати, иницијативата има за цел да придонесе за обезбедување ефикасна, достапна и професионална бесплатна правна помош во Северна Македонија, согласно европските стандарди и најдобрите практики.
За време на обуките, адвокатите беа опремени со релевантни знаења за бесплатна правна помош преку практични вежби и студии на случај. Овој практичен пристап им овозможи на учесниците ефективно да ги применат теоретските концепти во реални сценарија. Обучувачите, кои претходно ja завршија обуката за обучувачи, ги покажааа своите вештини под менторство на локалните консултантки, г-ѓа Бојана Неткова и г-ѓа Маја Атанасова.
Обуките се базираа на наставните програми развиени од консултантите на Советот на Европа во 2023 година и беа реализирани од двајца обучени обучувачи, кои претходно посетуваа интензивна обука за обучувачи во јануари и февруари 2024 година, поддржана од програмата Хоризонтален инструмент.
Во 2024 година, повеќе од 70 адвокати беа обучени за обезбедување бесплатна правна помош, а 42 адвокати успешно го завршика курсот за етика. Дополнително, во 2023 година, 100 адвокати го завршија курсот „Правда за деца“, додека 53 успешно го завршија курсот „Насилство врз жени и семејно насилство“. Овие специјализирани обуки и прилагодени програми им овозможија на адвокатите ефективно да одговорат на зголемениот број на апликации, како резултат на иницијативите за подигнување на свеста спроведени за време на претходната и тековната фаза на проектот.
Оваа обука е организирана во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија, со поддршка на заедничката акција на ЕУ и Советот на Европа „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“.
