Back Состанок на работната група за изготвување на Правилник за дисциплински мерки

Состанок на работната група за изготвување на Правилник за дисциплински мерки

Состанокот на работната група (РГ) за изготвување на Правилникот за начинот на постапување на дисциплинската комисија при изрекување на дисциплински мерки кон осудени лица се одржа на 23-24 септември 2019 г. во Скопје.

Сесијата на РГ резултираше со изготвување на прва нацрт верзија од Правилникот во согласност со стандардите на КПТ, Европските затворски правила, Правилата на Мандела и најдобрите европски практики. Во текот на сесијата членовите на РГ го споделија своето искуство и знаење илустрирајќи ја практичната примена во однос на изрекувањето на дисциплински мерки кон осудените лица во нивната секојдневна работа.

Освен членовите на РГ, на состанокот присуствуваше и раководството на Управата за извршување санкции при Министерството за правда, како и претставници на затворскиот персонал од различни пенитенцијарни установи на национално ниво и истиот беше фацилитиран од еден национален консултант на Советот на Европа.

Состанокот беше организиран како дел од проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамки на втората фаза од програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” која ја спроведува Советот на Европа.

Скопје 23 - 24 септември 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page