Back Во Северна Македонија почнаа два курса за бесплатна правна помош за семејно насилство и за деца

Во Северна Македонија почнаа два курса за бесплатна правна помош за семејно насилство и за деца

Примената на Законот за Бесплатна правна помош во случаи со семејство насилство и правда за деца, ќе биде дискутирана на обуките организирани во Северна Македонија за адвокати и правни професионалци, организирани со поддршка на заедничката програма на ЕУ и на Советот на Европа, Хоризонтален инструмент II. Обуките за обучувачи (ОзО) за “Постапување во случаи на домашно насилство во системот на бесплатната правна помош“ и „Правда за деца: Примена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца“ ќе се спроведуваат онлајн во следните три месеци за повеќе од 30 адвокати, во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија.

Г-а Лејла Дервисагич, Оперативна директорка на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, во поздравниот говор на настанот кој го одбележа отпочнувањето на овие обуки, ја нагласи важноста на пристапот до правдата за граѓаните и улогата на Советот на Европа и на Програмската канцеларија во Скопје во осигурување на еднаков пристап до правдата за сите.

Г-а Рита Мараскалки, Координаторка на проектот од Совет на Европа, во своето поздравно обраќање ги информираше присутните за оваа иницијатива и даде вовед на пристапот што ќе се користи во обуката како долгорочна инвестиција во одржливоста на проектните резултати и придонес кон зајакнувањето на институционалната улога на Адвокатската комора за континуирано образование за адвокатите.

Г-а Јелена Ристиќ, Потпретседателка на адвокатската комора на Северна Македонија, во својот поздравен говор потенцираше дека овие иницијативи за градење на капацитетите на адвокатите, значително ќе го подобрат ефективното спроведување на Законот за бесплатна правна помош и ќе осигурат еднаков пристап за сите, со особен фокус на жените и децата, нагласувајќи ја зајакнувачката, стратешката и суштинската улога што ја играат адвокатите во системот за БПП.

Настанот продолжи со презентации од страна на меѓународните тутори, г-дин Џон Имс и г-а Мариа Маринова Алкалај и националните тутори, г-а Бојана Неткова, г-а Елена Георгиевска и г-а Ана Дангова Хуг, кои со учесниците споделија неколку од клучните принципи и предизвици околу имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош во Северна Македонија кога се работи на случаи со семејно насилство и на случаи со деца и им го објаснија на учесниците (избраните адвокати) форматот на курсевите, програмата, структурата и содржината. По настанот за свечено започнување на курсевите, курсевите ќе се спроведуваат онлајн со користење на различни методологии за учење онлајн за одбраната група на учесници.

Настанот за отпочнување на курсевите за обука на обучувачи беше организиран од проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”.

Скопје 5 март 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page