Во рамки на заедничкиот проект „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“ ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа а имплементиран од страна на Советот на Европа, на 28 – 29 ноември 2017 година, во Хотел Манастир во Берово беше организирана дводневна обука за судии. Активноста беше организирана во соработка со македонската Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ по тематскиот наслов „Балансирање помеѓу слободата на изразување и правото на приватност“.
Активноста беше фокусирана на урамнотежувањето помеѓу членот 10 и членот 8 од ЕКЧП кои честопати си конкурираат, видено преку судската практика на Европскиот суд за човекови права. Приказ на националната судска практика, со цел давање компаративен поглед на темата, беше исто така презентиран.
На обуката присуствуваа 20 учесници, судии од Основни и Апелациони судови од земјата. Воедно и неколкумина судски стручни соработници присуствуваа на обуката. Целта на обуката беше зацврстување на знаењата на учесниците во поглед на темата како и подобрување на неопходната експертиза и вештини за судење случаи од ваква природа, во согласност со стандардите на Советот на Европа.
Обуката беше водена од страна на меѓународен консултант, Д-р Мирјана Лазарова Трајковска и национален консултант, Г-ѓа Лидија Димчевска, судија во Апелациониот суд во Скопје.
„Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија“
