Back Кон ефикасна обработка на апликациите за бесплатна правна помош: Обука на претставници на регионалните канцеларии на Министерството за правда

Кон ефикасна обработка на апликациите за бесплатна правна помош: Обука на претставници на регионалните канцеларии на Министерството за правда

Претставници на регионалните канцеларии на Министерството за правда на Северна Македонија беа обучени за практична секојдневна употреба на алатката и чекор-по-чекор упатства за ефикасно процесирање на апликациите за бесплатна правна помош од страна на службени лица од регионалните канцеларии. Обуката беше дел од настанот на тема „Пристап до правда“, организиран заеднички од Фондацијата Отворено општество Македонија и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје на 16-18 февруари 2020 година во Струмица.

Двајцата консултанти на Совет на Европа, г-дин Џон Емес и г-дин Гоце Коцевски ги презентираа алатката и чекор-по-чекор упатства за ефикасно процесирање на апликациите за бесплатна правна помош од страна на официјалните претставници на регионалните канцеларии, изработени во претходната фаза на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“. Презентацијата на алатката од страна на консултантите, дискусиите со учесниците и практичните вежби на настанот придонесе за понатамошно ширење и доследно користење на алатката.

Под покровителство на овој настан, 27 претставници на 21 регионална канцеларија на Министерството за правда, еден претставник на централното Министерство за правда - Одделение за правна помош и еден претставник на Правната клиника на Правниот факултет беа обучени за практична секојдневна употреба на алатка и чекор-по-чекор упатства за ефикасна обработка на апликациите за бесплатна правна помош.

Оваа активност беше организирана во рамките на проектот„Поддршка на подобар пристап до повисоки квалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија“, која е дел од „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II“, заедничка програма ЕУ / Совет на Европа, спроведена од Совет на Европа.

Струмица 18 февруари 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page