Back Кон подобра заштита на детските права во Северна Македонија: ХЕЛП курс отпочнат за 30 правни професионалци Скопје, 18 февруари 2021 година

Кон подобра заштита на детските права во Северна Македонија: ХЕЛП курс отпочнат за 30 правни професионалци Скопје, 18 февруари 2021 година

Судија Ксенија Турковиќ, потпретседателка на Европскиот суд за човекови права, во својство на главна говорничка на настанот, направи преглед на примената на принципот на најдобар интерес на детето во судската пракса на Европскиот суд за човекови права. Таа исто така ги претстави скорешните пресуди на Судот во областа на детските права.

Важноста на правдата приспособена на правата на децата и на потребата да се заштитат детските права кога се носат одлуки за нив во правниот систем беше нагласена од страна на Регина Јенсдотир, Раководителка на Дивизијата за детски права и програмска координаторка во Советот на Европа. Насоките на Комитетот на Министри на Советот на Европа за правда приспособена на потребите на децата се клучна алатка за пополнување на празнината меѓу правото и праксата. Затоа земјите членки на Советот на Европа треба да сторат напори во потполност да ги спроведат овие Насоки, без оглед на тоа што тие не се правно обврзувачки.

Ева Пастрана, Раководителка на Програмата ХЕЛП на Советот на Европа ги претстави новостите во Програмата ХЕЛП и даде посебен осврт кон ХЕЛП курсот Правда приспособена на потребите на децата.

Во продолжение, националните туторки на Програмата ХЕЛП Катерина Коларевиќ и Марија Клетничка Марковска ја илустрираа домашната правна рамка во оваа област и ги претставија форматот, структурата и содржината на курсот ХЕЛП за Правда приспособена на потребите на децата. По овој настан, овој курс ќе се спроведува за одбраната група учесници.

Овој настан беше организиран во рамките на Регионалниот проект „ХЕЛП во Западниот Балкан“, дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022”.

* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *

Електронскиот курс Правда приспособена на потребите на децата на Програмата ХЕЛП и на Дивизијата за детски права на Советот на Европа има за цел да ги зајакне и хармонизра знаењата на релевантните меѓународни стандарди во областа на правдата присобена на потребите на децата.

Скопје 18 февруари 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page