Триесет - двајца новинари и студенти по новинарство ја завршија третата онлајн обука за тоа како да известуваат за случаи на трговија со луѓе во основани на факти и со почит кон жртвите. Обуката беше реализирана во соработка со Меѓународниот центар за развој на миграциона политика (ICMPD) и Здружението на Новинари за човекови права.
Обуката предизвика голем интерес кај новинарите и студентите по новинарство, кои научија за европските стандарди и препораки релевантни за слободата на изразување, заштитата на личните податоци, заштитата од компјутерски криминал, заштитата на безбедноста на новинарите и нивните извори на информации, накратко објаснети од Г-ѓа Лејла Дервишагиќ , Оперативна директорка на Програмската канцеларија на СнЕ во Скопје. Таа истакна дека тоа е во интерес на јавноста да се известува за трговијата со луѓе со цел да се информира и да и се помогне на јавноста да ги препознае жртвите на трговија со луѓе, да им помогне на жртвите и да се спречи трговијата со луѓе.
За време на оваа интерактивна обука, учесниците не само што научија за поимот, видовите и индикаторите за трговија со луѓе, правото на приватност и други права на жртвите на трговија со луѓе, и за начините како да се истражат случаи на трговијата со луѓе, но, исто така, беа вклучени во препознавањето на индикаторите на трговија со луѓе и подготвувањето концепти за тоа како да се истражи и да се известува за случаи на трговија со луѓе. На учесниците им беше презентиран Прирачникот за медиуми и трговија со луѓе, како практична алатка што ќе им користи при истражување и известување за случаи на трговија со луѓе. Прирачникот е достапен на македонски и албански јазик на https://www.coe.int/en/web/skopje/publications1 .
Шеесет и шест новинари и студенти по новинарство беа обучени во три обуки за водечките принципи медиумите и трговија со луѓе. Седум од обучените новинари/медиуми веќе добија грантови за пишување и изработка на истражувачки стории за трговија со луѓе. Уште шест грантови ќе бидат доделени по истекувањето на јавниот повик.
Оваа обука беше организирана како дел од проектот „Спречување и сузбивање на трговија со луѓе во Северна Македонија“ во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II“, иницијатива за соработка кофинансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа, чија цел е да им помогне на властите во Југоисточна Европа да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и законодавството на Европската Унија во рамките на процесот на проширување.
