Back Република Северна Македонија ја финализира националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам

Република Северна Македонија ја финализира националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам

Северна Македонија / Проектот на ЕУ и Советот на Европа против економскиот криминал во Северна Македонија ги поддржува јавните власти во Северна Македонија во спроведувањето на националната проценка на ризикот за перење пари и финансирање тероризам од септември 2023 година. Оваа помош резултираше со финализирање на процесот во текот на октомври на средба со претставници на сите 10 работни групи кои учествуваа во процесот на проценка на ризик. Состанокот овозможи суштински дискусии и давање совети за комплетирање на отворените прашања во извештајот за проценка.

Конечниот извештај ќе биде доставен до Владата на усвојување. Откако ќе биде усвоен, тој ќе послужи како основа за подготовка на Национална стратегија за борба против тероризам и нејзиниот придружен Акциски план. Проектот ќе продолжи со своите насоки и поддршка.

Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам е од клучно значење за Северна Македонија бидејќи помага да се подобри разбирањето на властите и учесниците во приватниот сектор за заканите и ранливостите од перење пари и финансирање тероризам. Тоа ќе им помогне подобро и поефикасно да ги распределат своите ресурси за надзор, спроведување и усогласеност. Спроведувањето на ефективни мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот информирани од резултатите на националната проценка на ризикот помагаат да се заштити економијата, да се зајакне националната безбедност, да се обезбеди усогласеност со меѓународните стандарди и да се зајакне довербата на инвеститорите. Тоа игра витална улога во борбата против финансискиот криминал.

Процесот на помагање на јавните власти во проценката на националниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам во Северна Македонија беше инициран со работилница на 20 септември 2023 година, на која се собраа клучните претставници од јавните власти и приватниот сектор за да ги ажурираат за применетите методологија за спроведување на националната проценка на ризикот и да ги води низ процесот на собирање и анализа на податоци.

Како што напредуваше процесот на Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам, Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија продолжи да ги поддржува јавните власти на терен, преку давање совети за анализа на собраните податоци и изготвување на извештајот. Во овој контекст, над 50 претставници од јавниот и приватниот сектор се собраа во текот на 5-7 јуни 2024 година во Охрид, на работилница, за заеднички да ги анализираат собраните податоци поврзани со перење пари, финансирање тероризам и ширење. За време на тридневната работилница, претставниците работеа заедно на анализа на податоците и подготвување извештаи за одделни модули од методологијата. Проектот го поддржа процесот преку обезбедување експертиза и насоки за анализа на собраните податоци и извлекување заклучоци во форма на нацрт-извештај. Како следен чекор во својата техничка помош, Проектот им даде поддршка на работните групи во консолидирањето на првиот нацрт-извештај на Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам преку давање препораки и коментари за негово подобрување.

Оваа активност беше организирана од „Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија“ дел од програмата “Horizontal Facility for the Western Balkans and Türkiye”, кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа, а имплементиран од Советот на Европа.

Скопје, Северна Македонија октомври 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page