Back Зајакната подготовката за отпуст на радикализирани осудени лица и соработката при периодот на пост-пенална помош

Зајакната подготовката за отпуст на радикализирани осудени лица и соработката при периодот на пост-пенална помош

Советот на Европа и Европската Унија продолжуваат со поддршката за институциите на Северна Македонија, кои се вклучени во подготовката на отпуст и пост-пенална помош за лицата осудени за насилен екстремизам или кои се радикализирани. По изготвените стандардни оперативни процедури (СОП), кои беа финализирани во април, членовите на меѓу-ресорската работна група и други чинители учествуваа на хибридната обука на 29-30 јуни 2021 год. во Скопје, која се фокусираше на спроведување на СОП.

 

На оваа сесија учествуваа 20 учесници од Управата за извршување на санкциите (затворски и пробациски службеници), Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за национална безбедност, како и Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

 

Меѓу-агенциската соработка, споделувањето информации за овие осудени лица и водењето предмети беа клучните прашања кои се дискутираа и истите се покриени во СОП, што резултира со поголемо разбирање кај чинителите за потребата за јакнење на координацијата при подготовката за отпуст, како и зајакната меѓу-институционална соработка, со цел да се помогне реинтеграцијата на овие лица во нивните заедници.

 

Овој хибриден настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022” .

Скопје 29 - 30 јуни 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page