Back Компонентата за радикализација во затворите завршија со пилотирање и јакнење на соработката меѓу институциите во Северна Македонија

Компонентата за радикализација во затворите завршија со пилотирање и јакнење на соработката меѓу институциите во Северна Македонија

Минатата недела беа комплетирани активностите на Советот на Европа, со кои се помагаат националните власти на Северна Македонија во зајакнување на нивните капацитети за справување со радикализацијата во затворите, како и со осудените лица за насилен екстремизам.

На 20-21 септември 2022 год, мулти-дисциплинските тимови дискутираа за користењето на конкретниот инструмент за процена на ризик и потребите на осудените за насилен екстремизам, како и индивидуалната програма. Беше заклучено дека алатките за интервенција се спроведуваат во сите затворски установи, а во најголем дел се основани соодветни мулти-третмански тимови кои ја олеснуваат размената на информации.

Дополнително, сесијата одржана на 22 септември со сите вклучени страни го обележа и крајот на активностите кои се фокусираат на отпуст и пост-пенална помош за радикализираните осудени лица, како и за оние осудени за насилен екстремизам. Размената на информации, како и сеопштата меѓу-институционална соработка во врска со водење на предметите на овие лица се регулирани со Стандардните оперативни процедури, кои влегоа во сила во јуни 2021 год.

Заедно со стекнатите знаења и способности, едно од најголемите достигнувања на оваа компонента е воспоставената меѓу-институционална координација меѓу клучните чинители на ова поле. Во текот на изминатата година, видно е подобрена координацијата меѓу различните институции во подготвување на отпустот на радикализираните осудени лица.

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”

Северна Македонија 26 септември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page