Back Поддршка за Министерството за правда и неговите подрачни одделенија со техничка опрема за ефективна имплементација на бесплатната правна помош во Северна Македонија

Поддршка за Министерството за правда и неговите подрачни одделенија со техничка опрема за ефективна имплементација на бесплатната правна помош во Северна Македонија

Пет мулти-функционални принтери беа донирани на Министерството за правда на Северна Македонија, со цел да се поддржи работата на неговите подрачни одделенија и да се зајакне нивната улога на даватели на бесплатна правна помош.

При примопредавањето, Државниот секретар на Министерството за правда, г-дин Мухамед Точи им се заблагодари на Европската унија и на Советот на Европа за нивната поддршка на Министерството за правда и неговите подрачни одделенија, нагласувајќи ја важноста на оваа донација во процесот на осигурување бесплатна правна помош за граѓаните и на еднаков пристап до правдата за сите.

Г-а Лејла Дервишагиќ, Раководителка на оперативно работење во Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопјеја истакна континуираната соработка со Министерството за правда во нивните напори да го подобрат системот за бесплатна правна помош, како и да се изгради општество во кое пристапот до правдата е еднаков за сите.

Советот на Европа соработува со Министерството за правда во промовирање на систем за бесплатна правна помош којшто е многу битен за граѓаните на Република Северна Македонија. Резултатите постигнати досега се охрабрувачки и опремата која ја предаваме денес ќе придонесе кон понатамошно зајакнување на капацитетите, пред сѐ, на подрачните одделенија, отстранувајќи ги пречките  кои постоеја во минатото поврзани со недостаток на соодветна техничка опрема. Ова ќе придонесе кон зајакнување на ефикасноста и квалитетот на давањето услуги за бесплатна правна помош.“, нагласи Дервишагиќ.

Постоењето на ефикасен систем за бесплатна правна помош за оние коишто немаат доволно ресурси е важен елемент во осигурувањето на ефективен пристап до правдата, во согласност со европските стандарди. Во минатото, подрачните одделенија се соочуваа со пречки во нивната работа поради недостаток на соодветна техничка опрема, потребна за извршување на нивната секојдневна работа и донацијата на овие принтери, како и претходната донација од 25 лаптопи, во голема мера ќе придонесе за отстранување на тој проблем.  

Донираната опрема, во вредност од 3200 евра, беше обезбедена со поддршка од заедничкиот проект „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија“ којшто се спроведува во тесна соработка со Министерството за правда на Република Северна Македонија. Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на клучните чинители во Северна Македонија во нивните напори за зајакнување на ефикасноста, квалитетот, пристапноста и свеста за бесплатна правна помош.

Овој проект е дел од заедничката програма на Европската унија/Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility II) 2019-2022,  иницијатива за соработка на Европската унија и Советот на Европа за регионот на Западен Балкан и Турција.  


 

Скопје 21 декември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page