Back Студиска посета на Ирската затворска управа посветена на ресоцијализацијата на осудени лица

Студиска посета на Ирската затворска управа посветена на ресоцијализацијата на осудени лица

Тридневната студиска посета на Ирската затворска управа беше организирана во периодот од 25 до 27 април 2017 г. за група од 7 лица кои работат во областа на ресоцијализацијата на осудените лица во неколку казнено-поправни установи во државата и претставници од Управата за извршување санкции.

Главната цел на посетата беше учесниците да се запознаат со програмите за третман и курсевите кои им се на располагање на специфичните категории осудени лица. Делегацијата посети и три различни затвори и оствари средби со нивните директори, психолози кои работат на програмите за третман, пробациските службеници, како и со медицинскиот и друг затворски персонал со кој дискутираа за стратегиите и третманот на осудени жени (затвор за жени Маунтџој), осудени сексуални престапници (затвор Арбор Хил), како и за третманот на лицата осудени на доживотна и долги казни (затвор Витфилд). Делегацијата се сретна и со претставниците од Ирската затворска управа и Колеџот за обука.

Учесниците во студиската посета беа членови на работната група вклучена во изготвување на трите специфични модули за третман на ранливи групи осудени лица со акцент на лицата осудени на доживотна и долги казни затвор, осудени жени и осудени сексуални престапници. Студиската посета им овозможи увид во добрите практики и да го зголемат своето знаење пред спроведување на пилот фазата на трите модули во периодот мај–јуни 2017 г. која ќе биде спроведена во двата најголеми затвори во државата.

Студиската посета беше организирана како дел од проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, кој е финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”.

Даблин 3 мај 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page