Обезбедувањето на силна правна заштита и ефикасна медиумска регулатива е клучно за заштита на слободата на изразување и спречување на заканите кон независното новинарство. Три дневната работилницата на тема „Унапредување на медиумската регулатива во Северна Македонија - Усогласување со нормите на ЕУ“ собра медиумски професионалци/ки, адвокат(к)и, суди(јк)и, донесувач(к)и на одлуки и локални и меѓународни експерт(к)и за да ги адресираат клучните предизвици и да предложат конкретни решенија за зајакнување на медиумската регулатива во земјата.
Работилницата организирана од Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), ја поздрави присутноста на истакнати претставници/чки, вклучувајќи ги Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформација на Северна Македонија, Зоран Љутков, Министер за култура и туризам на Северна Македонија, Дајанчо Ефтимов, државен секретар во Министерството за правда.
Главен фокус на работилницата беа стратешките тужби против јавно учество (СЛАПП) – растечки предизвик за новинар(к)ите кои се соочуваат со правни закани со цел да се потисне истражувачкото новинарство. Сесијата посветена на СЛАПП тужбите вклучуваше претставници/чки од Министерството за правда, правни експерт(к)и и истражувачки новинар(к)и, како и согледувања од заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, кој работи на зајакнување на правната заштита и институционалните одговори на вакви случаи.
За време на дискусијата, проектот ПРО-ФРЕКС уште еднаш потврди својата посветеност на заштитата на новинар(к)ите, првенствено заснована на Препораката CM/Rec(2024)2 на Комитетот на министри до земјите-членки, преку:
- Унапредување на легислативата за зајакнување на заштитните мерки против злоупотреба на правни средства.
- Иницијативи за јакнење на капацитети за спремност на новинар(к)ите и правните професионалци/ки со алатки за борба против СЛАПП тужбите.
- Застапување за анти-СЛАПП политики во согласност со европските и меѓународните стандарди.
- Поддршка на Journlanists matter - Кампања на Советот на Европа за безбедност на новинар(к)ите.
Како дел од регионалните напори, проектот ПРО-ФРЕКС за Западен Балкан, изготви Основна регионална проценка на легислативните и поличките потреби за имплементирање на стандардите на Совет на Европа и Европската унија за борба против СЛАПП тужбите. Дополнително, разви модул за обука дизајниран да им помогне на правните професионалци/ки да препознаат и ефикасно да реагираат на овие тужби.
Како главен резултат од работилницата беше усвојувањето на краток документ со политики нагласувајќи ја потребата за:
✔ Правни реформи кои воведуваат посилна заштита од злоупотреба на тужби.
✔ Обуки за правосудството со цел за се обезбеди препознавање на СЛАПП тужбите од страна на судовите и истите да ги одбиваат во рана фаза.
✔ Механизми за поддршка на новинар(к)ите кои се соочуваат со правни закани, вклучително и правна помош.
✔ Хармонизирање со европските стандарди, обезбедувајќи медиумската регулатива на Северна Македонија да е во согласност со пристапот на ЕУ кон слободата на медиуми.
Покрај СЛАПП тужбите, на работилницата се разгледуваше улогата на саморегулацијата во унапредување на кредибилитетот на медиумите, вклучувајќи дискусии за:
- Доброволна регистрација на онлајн медиуми и креатор(к)и на содржина.
- Предложените амандмани на Законот за медиуми, особено во однос на задолжителната регистрација на онлајн медиумите.
ЗНМ и медиумскиот регулатор ќе играат клучна улога во поддршката на овие процеси, обезбедувајќи баланс помеѓу транспарентноста и слободата на изразување.
Проектот ПРО-ФРЕКС ќе продолжи блиску да соработува со ЗНМ, медиумскиот регулатор и клучните засегнати страни во имплементирање на овие препораки и зајакнувањето на слободата на изразување во Северна Македонија. Работилницата претставува значаен напредок во усогласувањето на медиумските политики на Северна Македонија со европските стандарди преку унапредување на медиумската регулатива, зајакнување на заштитите за новинар(к)ите и напредување на европските стандарди.
Проектот Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија – ПРОФРЕКС имплементиран од Одделот за соработка на слобода на изразување, е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2023-2026“.
