Back Јакнење на правната експертиза за слободата на изразување во Северна Македонија

Јакнење на правната експертиза за слободата на изразување во Северна Македонија

HELP курсот на Советот на Европа за слобода на изразување (HELP – Едукација за човекови права за правни професионалци) продолжува да претставува клучна алатка за зајакнување на разбирањето на правниците/чките за европските стандарди за слобода на медиуми и човекови права во Северна Македонија.

На 18 март 2025 година, започна онлајн HELP курсот за слобода на изразување за адвокат(к)и, воден од две обучувачки на ПРО-ФРЕКС и HELP туторки. 27 адвокат(к)и успешно го завршија курсот, кој беше спроведен на македонски јазик, што претставува континуирана посветеност на зајакнување на правната заштита на слободата на изразување.

Првично развиен во 2016 година и ажуриран во 2020 година, курсот за прв пат беше адаптиран за Северна Македонија во 2021 година во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (JUFREX)“.  Курсот за слобода на изразување беше преведен и адаптиран на локален контекст за да им помогне на правните професионалци/ки – суди(јк)и, обвинител(к)и и адвокат(к)и - во разбирањето и на домашните и европските правни стандарди, особено на членот 10 од Европската конвенција за човекови права.

Учесниците/чките беа запознаени со HELP платформата и обучени за справување со сложени прашања како што се регулирањето на медиумите, пристапот до информации, клеветата и заштитата на новинарските извори. Ажурираната верзија од 2025 година се темели на оваа основа, осигурувајќи дек правните професионалци/ки од Северна Македонија се спремни за примена на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која постојано еволвира. Нуди прилагодена содржина што ги одразува домашните правни случувања и ги интегрира неодамнешните пресуди на ЕСЧП, обезбедувајќи попрактично и порелевантно искуство за учење.

HELP курсот за слобода на изразување опфаќа теми како што се приватноста и клевета, слободата на изразување на интернет, заштитата на изворите и слободата на изразување на избори и на работното место. Завршува со тест, а учесниците/чките кои ќе го положат добиваат сертификат за завршување.

HELP курсевите сега се целосно интегрирани во редовните наставни програми за обука на клучните правни институции во Северна Македонија, вклучувајќи ја Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора, обезбедувајќи одржливост и континуиран професионален развој во оваа витална област.

HELP курсот за слобода на изразување на македонски јазик беше поддржан преку заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal facility за Западен Балкан и Турција“ и проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, кој се спроведува преку  Одделението за соработка за слобода на изразување во рамките на Советот на Европа.

 

Скопје, Северна Македонија 14 мај 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page