Back Во Северна Македонија отпочнаа шест онлајн каскадни курсеви за “Бесплатна правна помош за жртви на домашно насилство и деца”

Во Северна Македонија отпочнаа шест онлајн каскадни курсеви за “Бесплатна правна помош за жртви на домашно насилство и деца”

Осумдесет и шест адвокати од Република Северна Македонија ќе бидат дел од шест каскадни курсеви, организирани со поддршка на Horizontal Facility II, заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа, во соработка со Адвокатската комора на Република Северна Македонија. Овие курсеви се воведуваат како следен чекор по Обуката на обучувачи (ОзО) за “Постапување во случаи на домашно насилство во системот на бесплатната правна помош” и “Правда за деца: Примена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца” коишто се одржаа пред неколку месеци во рамките на истата програма.

Дванаесет обучени обучувачи-адвокати ќе држат обуки на пријавени адвокати, во шест одделни курсеви, со цел да ги подготват за постапување во случаи на домашно насилство и правда за деца во рамки на системот за бесплатна правна помош, применувајќи ги знаењата и вештините што ги стекнале. Целта на курсевите е да се зголеми бројот на адвокати од Северна Македонија коишто се обучени за овие теми и ги користат стандардите на Европскиот суд за човекови права кога постапуваат во случаи со деца и во случаи со домашно насилство во системот на бесплатна правна помош.

На 8 октомври 2021 година се одржа онлајн-настан за одбележување на отпочнувањето на овие курсеви. Г-а Лејла Дервишагиќ, раководителка на оперативно работење во Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и г-дин Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора, го отворија настанот и ја нагласија важноста на овие обуки за системот за правна помош во Северна Македонија, користа од ваквите курсеви за адвокатите и користа за иднината на Центарот за едукација во Адвокатската комора. За време на настанот, учесниците имаа можност да дознаат повеќе за формата, програмата, структурата и содржината на курсевите. По овој настан, курсевите ќе се спроведуваат онлајн во следните два месеци, со користење на разни методологии за онлајн учење за избраната група на учесници.

Настанот за одбележување на отпочнувањето на курсевите беше организиран од проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” којшто е дел од заедничката програма на Европската унија/Совет на Европа “Horizontal Facility II за Западен Балкан и Турција”.

Скопје 14 октомври 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page