Back Споделување на најдобрите практики на обезбедување на правна помош во кривични постапки

Споделување на најдобрите практики на обезбедување на правна помош во кривични постапки

Идентификување на елементи од практиката на државите членки на Советот на Европа, кои што можат да бидат корисни за властите во Северна Македонија во реформирањето на системот на правна помош во кривични постапки, беше во фокусот на онлајн тркалезната маса (вебинар) за споделување на најдобрите практики на обезбедување на правна помош во кривични постапки. Овој онлајн настан беше организиран во Скопје на 20 ноември 2020, со засегнати страни, правни професионалци и меѓународни практичари.

Учесниците имаа можност да дискутираат различни аспекти на обезбедувањето правна помош во кривичните постапки, како што се: корисници на правна помош во кривични постапки, даватели на правна помош во овие постапки, назначување на адвокати кои обезбедуваат правна помош, квалитет на обезбедената правна помош, систем за обезбедување на квалитет и менаџмент на системот за правна помош, како и соработка помеѓу засегнатите страни.

Оваа дискусија имаше за цел да обезбеди поддршка и соработка на чинителите во Северна Македонија во адресирање на постоечките недостатоци и реформирање на системот на правна помош во кривичните постапки во Северна Македонија.

Учесниците од клучни инситуции во полето на правдата, вклучително и Министерството за правда, Адвокатската комора, здруженијата на граѓани, правните клиники и слично, кои што учествуваа на состанокот имаа можност да слушнат повеќе за различинте практики во однос на правната помош во кривичните постапки во неколку земји-кориснички како што се Латвија, Молдова, Косово*, Хрватска, Босна и Херцеговина и Северна Македонија од страна на истакнати практичари од овие држави.

Настанот беше организиран од проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.

*Овој назив не ги доведува во прашање стојалиштата за статусот и е во согласност со UNSCR 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правдата за прогласување на независност на Косово.

Скопје 20 ноември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page