Back Јакнење на капацитетите на вработените во пенитенцијарните установи во Северна Македонија, преку развивање на структуриран систем за обука

Јакнење на капацитетите на вработените во пенитенцијарните установи во Северна Македонија, преку развивање на структуриран систем за обука

Заедничката поддршка на ЕУ и Советот на Европа во Северна Македонија дава особено значење на поддршката на јавните институции за јакнење на затворската реформа, како и на заштита на човековите права на осудените лица. Во овие рамки беше изготвена конечната нацрт верзија на Стратегијата за обука на затворскиот персонал, како и соодветната програма. Овие документи беа подготвени од искусни професионалци на Управата за извршување на санкциите (УИС), пробациски службеници, како и од неколку казнено-поправни установи. На состанокот имаше важна дискусија за практичните аспекти на спроведувањето на програмата, со цел јакнење на способностите на затворскиот персонал. Овие документи ја поставуваат основата за редовна и континуирана обука, како и за постојано градење на капацитети, со цел обезбедување структурирана обука за затворскиот персонал и зголемување на квалитетот на нивната работа.

Дополнително, 15 службеници на затворската и пробациската служба беа обучени за презентациски вештини, во текот на дводневната работилница на 28-29 септември во Скопје. Групата беше обучена за фазите на обуката, различните пристапи кон учењето на возрасните, пишување планови и структурирање на презентации, оценување на резултатите, како и практични совети како да се постапува и што да се избегнува. Оваа група на обучувачи се дел од клучниот тим на Центарот за тренинг и едукација на УИС, кои беа поддржани преку Хоризонталниот инструмент во изминатите две години.

Овие сесии беа организирани во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа  Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција – Фаза III, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.

Скопје, Северна Македонија 2 октомври, 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page