Back Судиите и обвинителите дискутираа за предизвиците со кои се соочува Механизмот за надворешна контрола во судските постапки во Северна Македонија

Судиите и обвинителите дискутираа за предизвиците со кои се соочува Механизмот за надворешна контрола во судските постапки во Северна Македонија

Судиите и обвинителите на Северна Македонија се состанаа на 3 март 2022 година да дискутираат за предизвиците со кои се соочува Надворешниот механизам за контрола (НМК) во судска постапка. Тројца обвинители, судија од Кривичниот суд Скопје, една судијка на Врховниот суд и поранешна судијка на ЕСЧП, како и реномирана професорка, заедно со раководителот на Одделението на граѓанска контрола при Народниот правобранител, ги споделија своите искуства и идеи во надминување на клучните предизвици.

Во изминатите три години е изградена доволна судска практика за предметите на Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, пред Кривичниот суд во Скопје. Статистиката е охрабрувачка бидејќи покажува поголема свесност за овој проблем, додека пресудите демонстрираат видлив напредок во справување со проблемот на несоодветно постапување на полицијата и неказнивоста во Северна Македонија. Постојат одредени разлики кои се должат на различните закони и кои треба да се адресираат во тековните консултации за сеопфатно реформирање на релевантната законска рамка. Позитивно е користењето на судската практика е ЕСЧП од страна на обвинителите и судиите. Сите учесници се сложија за корисноста на овие тркалезни маси во изнаоѓање на решенија и Советот на Европа е подготвен и понатаму да го поддржи овој Механизам.

Механизмот беше воспоставен во 2018 година со поддршка на Советот на Европа и Европската унија, за да ги поддржи и штити жртвите на повреда на човековите права, сторени од лица со полициски овластувања или од затворската полиција, преку обезбедување на ефективна истрага во сите такви тврдења. Позитивните ефекти на овој Механизам се наведени и во годишните извештаи на Народниот правобранител, како и извештаите на Европската унија.

Оваа активност беше организирана во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, кофинансиран од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022” и имплементиран од страна на Советот на Европа.

Скопје 3 март 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page