Back Затворскиот персонал во Северна Македонија го унапреди знаењето за адресирање на радикализацијата

Затворскиот персонал во Северна Македонија го унапреди знаењето за адресирање на радикализацијата

Избрани затворски службеници од трите најголеми затворски установи во Северна Македонија го унапредија своето знаење во адресирање на радикализацијата во затворите, преку каскадните обуки кои беа одржани во периодот 1-3 декември 2021 год.

Вкупно 45 службеници на затворската полиција и секторот за ресоцијализација од КПУ Идризово, КПУ Штип, како и затворот Скопје придобија од овие обуки кои се фокусираа на користење на постојните алатки за скрининг и оценување на ризикот и потребите, заедно со улогата на затворскиот персонал во идентификување на радикализмот.

Учесниците ги унапредија своите способности преку размена на искуства и дискусија за конкретни случаи, каде се истакна важноста на споделувањето информации преку мулти-дисциплинарните тимови. Се очекува преку овие обуки да се подобри тековното внатрешно известување во затворскиот систем, како и со релевантните надворешни институции.

Оваа активност беше спроведена преку проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија” кој се финансира од Европската Унија и Советот на Европа во рамките на Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022, имплементиран од Совет на Европа.

Скопје 4 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page