Back Директорите на затворите во Северна Македонија следеа напредна обука за адресирање на насилен екстремизам и радикализација

@ Council of Europe

@ Council of Europe

Дванаесет директори на затвори и други високи претставници на Управата за извршување на санкциите (УИС) го зголемија своето знаење за последните новости и меѓународните пристапи за справување со насилен екстремизам и радикализација во затворите, во текот на напредната обука која се одржа во Скопје на 2-3 ноември 2020 година.

 

Во фокусот на оваа обука беа предизвиците со кои се соочуваат казнено-поправните системи низ цела Европа, раната идентификација на радикализацијата, како и примената на индивидуалната програма за третман на радикализирани осудени лица, изготвени во рамките на проектите кои ги спроведува Советот на Европа. Присуството на сите директори на затвори им обезбеди можност за дискусија на начините за подобрување на размената на информации со УИС и меѓу-институционалната соработка со цел подобро да се адресира овој феномен. Беше заклучено дека затворското раководство треба да се потпира на информациите кои ги добива од мултитретманските тимови, составени од искусен затворски персонал кој е во секојдневен контакт со радикализирани осудени лица.

 

Обуката се одржа како хибриден настан со лично присуство на националните учесници, пришто обуката ја насочуваа двајца меѓународни консултанти на Советот на Европа кој се вклучија преку интернет.

 

Оваа активност беше организирана како дел од проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, ко-финансиран од Европската унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022” кој го спроведува Советот на Европа.

Скопје 2 - 3 ноември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page