Back Затворските директори и обвинителите дискутираа за функционирањето на Надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија

Затворските директори и обвинителите дискутираа за функционирањето на Надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија

Раководителите на затворските установи, вклучувајќи ги единаесетте директори на казнено-поправните и воспитно-поправните установи ширум земјата се состанаа во Скопје на 17 март 2022 год, заедно со претставниците на Надворешниот механизам за контрола (НМК), односно обвинителите и вработените во Одделението на граѓанска контрола при Народниот правобранител. Нивната дискусија се фокусираше на улогите кои ги имаат во спречување и известување, како и истрага на случаите на несоодветно постапување во затвори. Настанот беше отворен од директорот на Управата за извршување на санкциите на Република Северна Македонија.

Беше подвлечена улогата на директорите во пријавување на тврдењата за несоодветно постапување, кај надлежните обвинители, имајќи ја предвид важноста за итна истрага во такви случаи. Релевантните податоци од изминатите три години сепак покажуваат дека пријавувањето на несоодветно постапување во затворите не е честа пракса, што значи дека е потребно да се преземат чекори за да се адресира ова прашање.

По претставување на активностите на Механизмот на кои работат обвинителите и претставниците на Одделението на граѓанска контрола при Народниот правобранител, директорите на установите се договорија да ги споделат со нив сите информации за можните случаи на тортура или несоодветно постапување, за да се обезбеди нивно евидентирање. Дополнително, во рамките на проектот беше спроведена и кампања за подигнување на свеста, со цел да се информираат осудените и притворените лица за улогата и мандатот на НМК.

Механизмот беше воспоставен во 2018 година со поддршка на Советот на Европа и Европската унија, со цел да ги истражи случаите каде лицата со полициско овластувања, при извршување на службена задача или надвор од службата, со употреба на сила, средства за присилба или сериозна закана сториле кривично дело при што настапила смрт, тешка телесна повреда, телесна повреда или противправно лишување од слобода, мачење и друго сурово нечовечко или понижувачко постапување

Оваа активност беше организирана во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”.

Скопје 17 март 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page