Back Затворските и пробациските службеници во Северна Македонија го унапредија знаењето за адресирање на радикализацијата

Затворските и пробациските службеници во Северна Македонија го унапредија знаењето за адресирање на радикализацијата

Затворскиот персонал и пробациските службеници го унапредија своето знаење за адресирање на радикализацијата во затворите, преку учество на каскадните обуки кои беа одржани од 23 до 25 февруари 2022.

Трите еднодневни обуки беа посетени од вкупно 29 службеници на затворската полиција и секторот за ресоцијализација од КПУ Идризово, затвор Скопје, затвор Тетово, како и 15 пробациски службеници од канцелариите во Скопје, Куманово, Тетово и Прилеп. Слично со трите обуки од декември 2021 год, учесниците ги унапредија своите способности за користење на тековните алатки за скрининг и оценување на ризикот и потребите, заедно со улогата на затворскиот персонал во идентификување на радикализмот.

Пробациските учесници имаа можност да придобијат од посебната сесија за нивната улога во фазата која следи по отпустот, додека сите учесници разменија искуства, истакнувајќи ја важноста на споделувањето информации преку мулти-третманските тимови. Се очекува преку овие обуки да се подобри тековното внатрешно известување во затворскиот систем, како и со релевантните надворешни институции во текот на служење на казната, како и по отпустот.

Оваа активност беше спроведена преку проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија” кој се финансира од Европската Унија и Советот на Европа во рамките на Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022, имплементиран од Совет на Европа.

Скопје 25 февруари 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page