Back Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување – онлајн работилница со регулаторното тело за медиуми во Северна Македонија

Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување – онлајн работилница со регулаторното тело за медиуми во Северна Македонија

Концентрацијата на сопственост во медиумите е прашање кое го засега медиумскиот плурализам и претставува потенцијална закана по слободата на говорот во Европа. Затоа, во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС), денес се одржа онлајн работилница на која се разговараше за предизвиците кои ги наметнува концентрацијата на медиумската сопственост во новото медиумско одржување, како едно од главните регулаторни прашања од либерализацијата на медиумските пазари во сите земји ширум Европа.

Медиумските професионалци, новинар(к) и меѓународен експерт и локална експертка кои работеа на студијата Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување“, имаа можност да дискутираат и разменат мислења во однос на правните одредби за медиумска концентрација во аудиовизуелниот сектор, посебно бидејќи ова прашање добива нова вредност во контекст на дигиталните технологии, конвергенцијата, пролиферацијата на нови онлајн медиуми и фрагментација на пазарот и публиката.

Како последователна активност на студијата Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување“, изработена за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Северна Македонија, дискусијата меѓу другото се однесуваше и на наодите, заклучоците и препораките од студијата. Проектот ЈУФРЕКС во Северна Македонија соработува со клучните чинители во полето на слобода на изразување и слобода на медиумите со цел унапредување на медиумскиот плурализам и поддршка на домaшното тело за регулирање медиуми во рамки на усогласувањето со европските стандарди. Учесниците ја оценија изработената студија во рамки на проектот како одлична основа за добра дебата со сите релевантни чинители во делот на регулирањето на медиумскиот плурализам.

Оваа работилница беше организирана во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ (ЈУФРЕКС). Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, о потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

Скопје 16 октомври 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page