Ефикасното управување и одговор на ризиците и појавите од конфликт на интереси значително го зголемува нивото на довербата на граѓаните во јавните власти и претставува особено клучна компонента во напорите за зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Од 17 до 18 октомври, вработените во Државната комисија за спречување на корупцијата во Северна Македонија, одговорна за откривање и управување со конфликт на интереси на јавните службеници, ги зајакнаа своите капацитети за откривање и управување со конфликт на интереси. Оваа обука поддржана од проектот на ЕУ и Советот на Европа против економскиот криминал, ги опфати меѓународните стандарди и домашното законодавство, како и практични примери и студии на случај за да се истакнат ефективни процедури за управување со конфликт на интереси. На настанот беше претставена и платформа за размена во врска со секојдневните ситуации со кои се соочуваат вработените во Комисијата при идентификување на конфликт на интереси и одлучување како да се постапува со конкретни случаи.
Проектот против економскиот криминал обезбеди континуирана поддршка на јавните власти во борбата против корупцијата. Проектот помогна во прегледот и даде препораки за подобрување на „Практичен водич за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата на Република Северна Македонија“. Овие препораки се фокусираат на различни модалитети и можни случаи на судир на интереси, како и на соодветното однесување на функционерите на високо ниво кога ќе се најдат во такви ситуации. Тие беа претставени пред претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата на состанокот на 1 јули 2024 година.
Оваа активност беше организирана од „Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија“ дел од програмата “Horizontal Facility for the Western Balkans and Türkiye”, кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа, а имплементиран од Советот на Европа.
