Back Затворските лекари и медицинскиот персонал на Северна Македонија обучени за евидентирање на показателите на несоодветно постапување

Затворските лекари и медицинскиот персонал на Северна Македонија обучени за евидентирање на показателите на несоодветно постапување

Петнаесет лекари и здравствен персонал од девет пенитенцијарни институции во Северна Македонија беа обучени за евидентирање на повредите кои укажуваат на несоодветно постапување. На обуката, која се одржа на 7-8 октомври, учествуваа и претставници на Управата за извршување на санкциите.

Главниот фокус на теоретскиот дел беше ставен на медицинско-правните аспекти на телесните повреди, Истанбулската конвенција и стандардите на КПТ, како и најдобрите практики за документација и известување. Студиите на случај и практичните примери беа анализирани со медицинскиот персонал во текот на вториот ден, заедно со експертите кои дадоа придонес со нивното споредбено меѓународно искуство. Како резултат, обучениот медицински персонал сега има подобро разбирање на обврските, односно нивната примарна должност кон пациентите и општата обврска кон општеството, за обезбедување на остварување на правдата и спречување на повредите на човековите права.

Дискусијата и поставените прашања ќе помогнат во претстојната активност за развивање стандардни оперативни постапки за обезбедување на ефикасна здравствена заштита во затворите.

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, кој се кофинансира од Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022” и се спроведува од Советот на Европа.

Северна Македонија 8 октомври 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page