Back Формирано ново Координативно тело за бесплатна правна помош во Штип

Формирано ново Координативно тело за бесплатна правна помош во Штип

Ново Локално координативно тело (ЛКТ) за поддршка на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош беше формирано во Штип за да се координира работата на сите локални чинители вклучени во услугите за бесплатна правна помош. Со поддршка на заедничката програма на ЕУ и на Советот на Европа, проектот за “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, на првиот состанок на ова тело се собраа претставници од подрачното одделение на Министерството за правда во Штип, граѓански организации и правни клиники овластени да даваат бесплатна правна помош, како и претставници од Центарот за социјална работа, Основниот суд во Штип, локални НВО-а и сл.

Локалното координативно тело во Штип беше формирано по успешниот пример на Националното координативно тело (НКТ) базирано во Скопје и Локалното координативно тело во Битола, како неформален форум од професионалци за споделување на информации и за комуникација. Целта на ова тело е да овозможи координација меѓу клучните засегнати страни за теми поврзани со спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош во локалната заедница. Овие теми опфаќаат подигање на свеста за новиот закон, пристап до информации неопходни за процесирање на барањата за бесплатна правна помош, упатување на лицата кои имаат потреба од правна помош, конкретни правни потреби во локалната заедница, итн. Консултантите на СЕ, кои го модерираа состанокот, ги објаснија идејата, потребата и користа од постоењето на ова координативно тело на локално ниво.

Новоформираното тело ќе функционира преку редовни состаноци, како и преку директна комуникација и ќе биде составено од клучните засегнати страни вклучени во процесот на бесплатна правна помош во Северна Македонија. Ќе се поддржи и формирање на локални координативни тела во други општини во Северна Македонија, се со цел да се осигури поефикасно спроведување на услугите за бесплатна правна помош во разни заедници, особено за ранливите групи.

Проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”.

Штип 22 февруари 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page