Back Нова JUFREX регионална публикација: медиумски регулаторни тела и заштита на малолетни лица

Нова JUFREX регионална публикација: медиумски регулаторни тела и заштита на малолетни лица

Во денешниот поврзан свет, како никогаш досега, мнозинството од информации ни е доставено до нас од страна на медиумите, во различни форми. Медиумите ни помагаат да учиме, разбираме, останеме поврзани со други луѓе и со светот воопшто, и да се впуштиме во разни искуства за забава. Без оглед дали тоа ни се допаѓа или не, медиумите имаат исклучително важна улога во животите на децата. Од раѓањето, децата се опкружени со медиуми – платформите за медиуми и комуникација и нивните содржини се дел од нивното опкружување, нивниот семеен живот, нивната забава и време за игра, нивните навики за учење како и развојот на нивните социјални вештини.

Целта на оваа публикација е да се допринесе кон пошироко разбирање на концептот за заштита на малолетни лица од штетните содржини кои произлегуваат од аудио-визуелните услуги, улогата на националните регулаторни тела во оваа област и потребата да се инволвираат разните засегнати страни за обезбедување безбедна околина, како офлајн така и онлајн, за развојот на децата и малолетните лица.

Публикацијата беше подготвена во рамки на Заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „ Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“, во соработка со медиумските регулаторни тела од Југоисточна Европа.

Стразбург, Франција 10 април 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page