Олег Солдатов е назначен за раководител на програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје од 1 септември 2023 година.
Пред неговото именување, г-дин Солдатов работеше како правен советник во Генералниот директорат за администрација на Советот на Европа. Неговото професионално искуство вклучува и позиции како програмски менаџер во Советот на Европа во Република Молдавија и правник во канцеларијата на Регистрар во Европскиот суд за човекови права. Има големо искуство во приватниот сектор и во академската јавност.
Преземајќи ги своите должности, г-дин Солдатов ја истакна важноста на работата на Советот на Европа во земјата, овозможувајќи и на Северна Македонија да ја исполни својата реформска агенда на полето на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласи со европските стандарди, двата предизвици кои ги претставуваат приоритетите за процесот на проширување на ЕУ.
Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје имплементира голем број проекти, вклучувајќи ги проектите кофинансирани од Европската Унија и Советот на Европа во рамките на Хоризонталниот Инструмент за Западен Балкан и Турција, други заеднички програми на Европската Унија и Советот на Европа, како и проектите финансирани од доброволните прилози.
