Back Националното координативно тело за бесплатна правна помош во Северна Македонија дискутираше за клучни прашања

Националното координативно тело за бесплатна правна помош во Северна Македонија дискутираше за клучни прашања

Четвртиот состанок на Националното координативно тело за бесплатна правна помош (БПП) се одржа виртуелно за да се дискутираат важните прашања поврзани со ефикасното спроведување на услугите за бесплатна правна помош за граѓаните на Северна Македонија.

Околу 30 учесници од клучни институции за бесплатната правна помош, како што се, Министерството за правда и подрачните канцеларии (ПК), Адвокатската комора, граѓански организации (ГО) и правни клиники овластени за давање на бесплатна правна помош, имаа можност да дискутираат за важни теми поврзани со спроведувањето на системот за бесплатна правна помош. На состанокот се обрати претставничка од Бирото за вештачење којашто зборуваше за предизвиците во спроведувањето на новиот Закон за бесплатна правна помош, поточно, ослободувањето од трошоците за вештачење.

Меѓу останатите важни теми, се разговараше и за подигањето на свеста кај граѓаните, за новиот информативен билтен за БПП, за Протоколот за упатување и Адресарот на институции. На состанокот беше нагласена важноста од ефективен систем на упатување што ќе придонесе кон подобрување на пристапот до правдата.

Националното координативно тело (НКТ) за спроведување на Законот за бесплатна правна помош ќе продолжи со својата работа и посветеност со цел да се постигне подобра координација и комуникација меѓу главните актери во системот за Бесплатна правна помош.

Учесниците разговараа и за кампањата за бесплатна правна помош и ја потврдија нивната поддршка за кампањата и нивната посветеност и заложби со цел да се постигне поголем успех во обидите да се допре до најранливите групи во земјата. Беа презентирани и новата веб-страница за БПП и визуелниот идентитет, а се разговараше и за идните активности околу кампањата.

Идејата да се воведе информативен билтен за бесплатна правна помош беше исто така, презентирана и дискутирана на овој состанок. Учесниците ја прифатија идејата за издавање на билтен, нагласувајќи дека тоа е многу корисна и информативна алатка за новините поврзани со системот за БПП во Северна Македонија.

На крајот на состанокот, беше објаснета потребата и користа од спроведување на истражување за правните потреби на граѓаните и се дискутираше за тоа со учесниците.

Состанокот беше организиран од проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.

Скопје октомври 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page